Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Две години условна казна и забрана за влез во Македонија 5 години за германски државјанин кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ пред фудбалски натпревар

Германски државјанин е осуден на условна казна од две години, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германски државјанин е осуден на условна казна од две години, но и протерување од Македонија со забрана за влез од пет години, заради веење на знамето на „Голема Албанија“ со натпис „Автохтона“, пред натпреварот меѓу фудбалските клубови Шкендија и Карабаг на 5 август.

Против него беше поднесена кривична пријава од страна на СВР Скопје, а Обвинителството отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.

Според надлежните, сторителот со своите дејствија поттикнал етничка омраза непосредно пред фудбалскиот натпревар, а бил идентификуван и лишен од слобода од страна на полицијата. МВР и Јавното обвинителство најавија дека ќе продолжат со засилени активности за санкционирање на секој обид за ширење омраза и нетрпеливост на спортски настани. Веднаш по идентификација на сторителите, тие ќе бидат процесуирани согласно законските процедури.

Реклама