Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. 

Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. Партиципацијата за овие лекови кои ќе се подигнуваат на рецепт од аптека дополнително ќе биде утврдена. 

– Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие лекови, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал притисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања. Значи добивката е двојна, рече Клековски.

Реклама

Посочи дека ова е уште еден чекор на префрлување лекови од болничката на аптекарската листа по претходниот, а ќе следуваат и нови чекори. 

– Веќе неколку пати најавив дека фокусот во оваа фаза се антикоагуланси бидејќи третираат широк спектар на граѓани или пациенти кои имаат потреба. Натамошниот раст на позитивната листа се поврзува со три фактори и тоа првиот – појасни податоци за нивото на користење на лекот во Македонија, значи достапност на пазарот за да може да ги пресметаме финансиските ефекти од нашите одлуки. Вториот фактор е ставање во целосна функција на е-рецепт за акутни потреби со што ќе ни се овозможи подобра контрола на употребата на лекови и од финансиски аспект и заштита од претерана употреба на лекови. Третиот фактор е да постигнеме согласност за договорени цени за позитивната листа, потенцира Клековски.

Главниот предизвик во вклучувањето на лековите на позитивната листа, појасни тој, не е партиципацијата која не изнесува повеќе од 10 проценти, туку можната доплата која може да биде повеќекратко повисока што се должи на разликата меѓу референтната цена на Фондот, што ја плаќа Фондот и големопродажната цена со која лекот е регистриран за продажба во Македонија.

– Значи напорот ни е за лековите кои ќе бидат на позитивната листа да нема доплата или таа е регулирана однапред за да ги заштитиме пациентите од големи доплати. Ефектите на префрлувањето на позитивната листа се контролирани, бидејќи добар дел досега се издаваа во болниците и се рефундираа средствата и вакви чекори ќе правиме во иднина со цел повеќе лекови кои се на болничка листа да бидат достапни во аптеките, додаде Клековски.