Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Дурмши: Демографските трендови не треба да ги гледаме како закана, туку како поттик за модерни политики кои ќе ја засилат нашата економија

Луѓето се најважниот ресурс на едно општество. Знаењето, вештините и креативноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓето се најважниот ресурс на едно општество. Знаењето, вештините и креативноста на нашите граѓани се движечка сила за секој развој. Нашата задача е да го задржиме и унапредиме овој капитал, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмши во своето обраќање на настанот посветен на демографските трендови и претставувањето на заедничката петгодишна програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Тој посочи дека државата се соочува со сериозни предизвици – намален наталитет, иселување на млади и стареење на населението, што, како што рече, директно влијае врз јавните услуги и социјалните системи.

-Со Оперативниот план за 2025 година, вреден 40 милиони евра, веќе поставивме темели. Планот опфаќа над 16.000 лица, од кои 65 отсто се млади. Поддржуваме самовработување со грантови до 10.000 евра, обуки и менторство, како и програми за доедукација и преквалификација. Особено внимание посветуваме на инклузијата – жени од рурални средини, лица со попреченост, корисници на гарантирана минимална помош и Ромки, нагласи Дурмиши.

Реклама

Посочи дека програмата со УНФПА е визија и стратегија за иднината – не само формален документ, туку план со конкретни активности.

-Финансиските поддршки мора да бидат надградени со инфраструктура, дигитална поврзаност и поддршка за стартап-екосистемот. Истовремено, мора да го вреднуваме искуството на повозрасните работници и да обезбедиме услови тие да останат дел од продуктивниот процес, рече Дурмши.

Министерот ја изрази благодарноста до Обединетите нации, регионалната директорка на УНФПА, Флоренс Бауер, и постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, за континуираната поддршка и партнерство.

-Нашата иднина се мери во луѓето – во секој млад човек, во секој талент, во секој граѓанин кој сака да создава тука, дома. Демографските трендови не треба да ги гледаме како закана, туку како поттик за модерни политики кои ќе ја засилат нашата економија, потенцира министерот Дурмши.