Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Дурмиши: Над 40 милиони евра за вработување и нови мерки за работниците

Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде што социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките – изјави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија.

Министерот посочи дека е разгледан годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.

Реклама

Дискутирано е и за предлог-законот за младински додаток, кој, посочи, претставува значајна мерка за поддршка на младите, нивно задржување во државата и поттикнување на економската активност, како и за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.

– Оосбено важна точка беше оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој предвидуваме речиси 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста – истакна Дурмиши најавувајќи дека оперативниот план ќе биде објавен до крајот на месецот или на почетокот на следниот месец.

Разговарано е и за предлог-законот за заштита од пушење, како и за извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: