Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Дурмиши: Активно работиме на спроведување на реформската агенда

Министерството за економија и труд активно работи на спроведување на реформската агенда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за економија и труд активно работи на спроведување на реформската агенда и многу брзо ќе стигнеме во целосно исполнување на условите за добивање зелено светло од Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши одговарајќи на прашање на пратеничката Сања Лукаревска.

Според него, пазарниот и трудовиот инспекторат во 2025 година направиле рекорден број контроли, односно за 25 отсто повеќе во однос на претходниот период. Извештајот, нагласи, ќе биде доставен до Европската унија и во март 2026 година очекува позитивно усогласување.

– Разликата меѓу тоа колку сме посветени на реформската агенда за разлика од вас, тоа е како ден и ноќ. Сите работи кои вие не сте ги почнале или реализирале до половина ние ги завршуваме. Имаме наследено еден процес, кој требаше да биде почнат во 2019 година и да заврши до 2023 година. Но ние оваа работа ќе ја завршиме, рече Дурмиши.

Реклама

Тој подвлече и дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но смета дека тоа треба да биде одржливо, да има економски раст и да се земе предвид и производството. 

-Економско – социјалниот совет ги поддржува и работниците и работодавачите и ако тие се договорат тоа ќе биде и во интерес на државата, додаде Дурмиши. 

Со зголемување на минималната плата, нагласи, државата ќе има повеќе приходи, но го постави прашањето дали ќе може работодавачите да го поддржат пазарот и да се соочат со дополнителните трошоци.

– Минималната плата не е најмала во регионот, имаме соседни држави каде што е помала од нашата држава. Ќе работиме минималната плата да биде повисока и од државите во ЕУ. Не случајно работиме на зголемување на работите во индустријата, со поддршка на малите и средните компании во индустријата и да имаме нови работни места, продуктивност и зголемување на минималната плата. Имаме една формула, каде имаме договор меѓу работодавците и ќе го поддржиме тој став во март 2026 година, рече Дурмиши.

Нагласи дека според информациите на Еуростад, ние имаме најефтина потрошувачка кошница во цела Европа.