Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ДУИ денес докажа дека ‘лажела’ една година

Реакција на ВЛЕН по нападите од ДУИ: „ВЛЕН се грижи за работните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВЛЕН по нападите од ДУИ:

„ВЛЕН се грижи за работните места и напредувањето на Албанците во администрацијата.

Дваесет години, ПАРТИЈАТА НА ЦРНАТА ЛИСТА (ДУИ) ги држеше Албанците на дното на административната скала и ги користеше само како гласачка машина. Денес, кога Владата конечно отвора можности и за Албанците, да се вработуваат и да напредуваат, токму ДУИ е првата што крева паника.

Реклама

На ДУИ не им пречи вработување во администрацијата, им пречи вработување на Албанци. Им пречи затоа што им паѓаат во вода сите лажни тврдења против ВЛЕН.

Истата партија која ги држеше Албанците на минимални работни места сега глуми грижа за системот, затоа што конкурси конечно се отвораат и за младите Албанци.

Сопствената власт ја градeа врз жртвување на албанскиот интерес.
За фотелја повеќе, ДУИ прифаќаше политики што директно ги уназадуваа нашите општини, училиштата и болниците.

Не сакаат никој Албанец да ги реши егзистенцијалните проблеми што самите ги создадоа.
Сиромаштијата, иселувањето и неперспективноста се наследство од ДУИ-владеењето. Сега, кога ВЛЕН носи конкретни програми за унапредувања и нови работни места, ДУИ би стопирала сè, само да се врати на власт.

До вчера велеа дека Албанците се маргинализирани во администрацијата; денес, плачат затоа што Албанци конечно конкурираат за тие работни места.

Времето е кратко, а поразот за купот на бивши политичари околу ДУИ, неминовен.

На куп, сите заедно, ќе го почувствуваат гневот на народот што дваесет години го држеа без права и во сиромаштија додека тие се богатеа.

ВЛЕН останува решена: секој чесен и способен Албанец ќе добие шанса, а клиентелизмот и двојните аршини завршуваат тука.“