Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци во Штип

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци. Концептот преку реална пракса…

Сподели:

Дуалното образование станува се поатрактивно за идните средношколци. Концептот преку реална пракса до побрзо врботување овозможува компаниите да добијат соодветен стручен кадар, а младите луѓе вработување и пристојна плата, веднаш по завршување на средното училиште. Штип, има потреба од кадар во металопреработувачката индустрија. Со правилен избор ќе се намали дефицитот на пазарот на трудот, а истовремено младите ќе се задржат дома и градот ќе се развива.

  Најчесто инжинерите, металопреработувачката индустрија се оние сектори кои се дефицитарни. Сите директори на средните училишта се самоиницијативни во насока на прилагодување на програмите, за да сес задоволи потребата на бизнис секторот, но и да се трасира патот на младите. Мораме да ги следиме глобалните трендови, глобалните промени, она што е дефицитарно и суфицитарно, за да овозможиме кадар кој ќе го развива нашиот град”, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За да се привлечат што поголем број на ученици, училиштата нудат нови и атрактивни програми. Годинава за прв пат во штипското средно медицинско училиште, се воведува профилот техничар за козметичка нега и убавина, кој беше промовиран на Саемот за средни училишта, кој традиционално пред крајот на школската година се одржува во Штип

Реклама

„Запишуваме 25ученици, но секако приоритет даваме на нашите постоечки профили, медицински сестри, забен техничар, физиотерапевтски и фармацевтски техничари„ изјави Марија Николиќ, директорка на СОУ„Јане Сандански„-Штип.

Со измените во Законот за средно образование, се овозможува средношколците од дуалните паралелки освен државна стипендија, од компаниите за својот ангажман да добиваат и одреден паричен надоместок. Годинава на државно ниво од вкупно запишаните 17.000 ученици, 12.000 се во средното стручно образование.