Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

🎥 Дронови сателити и мапи за детакција на пожарите во Македонија

Со дронови со термални камери, сателити и мапи се детектираат пожарите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дронови со термални камери, сателити и мапи се детектираат пожарите во Македонија. По ланската катастрофа кога пламените јазици проголтаа над 94 илјади хектари шума годинава надлежните се поорганизирани и поопремени во справувањето со пожарите.

Во неколку наврати од Дирекцијата за заштита и спасување кажаа дека сега имаат јасен план – мапирани се ризичните региони, а на секој појавен пожар се реагирира за помалку од 45 минути.

До средината на јули 2025 година според ЦУК, бројот на шумски пожари е значително намален. Најголем дел од нив биле изгаснати брзо без поголеми последици. Оние кои се секојдневно на терен во борба против огнените стихии појаснуваат дека различни се временските и техничките услови во споредба со претходните години.

Реклама

Лани поддршката од соседите и ЕУ беше клучна за справување со пожарите.Помош испратија Србија, Турција, Германија Словенија и други земји. И годинава е активиран ЕУ механизмот за помош – но досега, во најголем дел пожарите се гаснеа со националните ресурси.

Во 2024 година избувнаа 126 шумски пожари и беше опожарена површина од над 94.000 хектари – што изнесува околу 3,6 % од територијата на државата. Најголемите пожари беа во Мариово, Малешевските планини, гореше планината Серта, пламна и Националниот парк Галичица. Лани  во Македонија изгореа шуми колку претходните 10 години заедно, велат податоците на службата на ЕУ за следење на животната средина.