Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Дрин, внук на Ахмети, остана без „Соравиа“ – извршител ќе ја продава

Бизнис центарот „Соравиа“ во срцето на Скопје е ставен под извршителска продажба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис центарот „Соравиа“ во срцето на Скопје е ставен под извршителска продажба поради неплатени финансиски обврски. Дрин Ахмети, кој беше сопственик на објектот, не успеа да го задржи имотот.

„Соравиа“ стана тема на јавни расправи поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата која ја поседува оваа атрактивна некретнина – „Соравиа Инвест“. Во моментов, имотот е ставен на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за извршување на долг кој надминува 930.000 евра.

Според јавно објавениот заклучок на веб-страницата на Комората на извршители, почетната цена за бизнис центарот изнесува 1.377.978.526 денари, односно околу 22,4 милиони евра. Извршителот ја наведува бугарската „Прва инвестициска банка“ како доверител, од која се бара извршување поради долг од околу 930.000 евра.

Реклама

Огласот за продажба беше објавен на 24 март, а лицитацијата е закажана за 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски. Процесот на извршување вклучува уште тројца извршители. Во објавениот заклучок за лицитацијата се наведени сите катастарски податоци за недвижностите во состав на центарот „Соравиа“.

Ова не е единствениот долг на „Соравиа Инвест“ кон истата банка. Во 2020 година, компанијата доби кредит од „Прва инвестициска банка“ и има и други нерешени побарувања од различни доверители.