Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Донирањето органи е врв на хуманоста и љубовта

На само деветмесечна возраст, животот на неговата ќерка висел на конец. Велешанецот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само деветмесечна возраст, животот на неговата ќерка висел на конец. Велешанецот Илчо Гиовски тогаш ја донел најважната одлука – да донира дел од својот црн дроб и да ѝ подари уште една шанса за живот. Денес, наместо неизвесност, гледа мало девојче кое храбро чекори и му се радува на животот.

„Гледајќи го своето дете, јас гледам борец, бидејќи таа трансплантација не е само обична медицинска процедура, туку давање на втора шанса за живот“, вели родителот Илчо Гиовски.

Оваа лична приказна на семејството Гиовски ја истакнува важноста на органодарителството и неговото значење, потенцира Ирена Ралева Најдевска, сопруга на пациент кој седум години живее со вештачко срце.

Реклама

„Органодарителството е од суштинско значење. Еден донор може да спаси осум животи“, изјави Ирена Ралева Најдевска, сопруга на пациент кој седум години живее со вештачко срце.

Затоа е важно да се работи на подигање на свеста на граѓаните за овој хуман чин, посочува националната координаторка за трансплантација.

„За бенефитот од процедурата трансплантација, за која морам да нагласам дека е една од најстрого законски регулирани процедури, и да добиваме што повеќе согласности. Ние ги детектираме потенцијалните донори, ги обработуваме, разговараме со семејствата, меѓутоа малку потешко оди со добивање на согласност“, изјави Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

„Органодарителството е нешто што треба да се поддржи, тоа е култура на живеење. Тоа е сознание дека може да се помогне на различен начин и е суптилна тема која секако бара во јавноста посебен третман“, изјави кардиохирургот д-р Жан Митрев.

За верските заедници, органодарителството е хуман чин во кој тие препознаваат дело на љубов и надеж.

„Секој човек, создаден од Бога, е единка сама за себе, има право на живот и има право на телесно здравје, а и духовно спасение“, изјави отец Добрица Јанев, свештеник во Брегалничката епархија“, изјави отец Добрица Јанев.

На националната листа за чекање на органи и ткива, во моментот 30 пациенти чекаат за трансплантација на срце, 15 на црн дроб и 160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег.