Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Докази на Обвинителството: Вања не се загушила, ѝ било пукано од половина метар во глава

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот од пиштол со калибар од 9мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 цм во телото близу ‘рбетот.

Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство. Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзини патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.

Реклама

Жежовски бил закопан во дупка длабока 2,7 сантиметри. Најдена е чаура до дупката во периферијата на Велес, каде бил пронајден и мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње.

Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата од десната страна а и тој се наоѓал во полунаведната положба додека бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно ппо неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.

https://alfa.mk/palevski-bara-da-mu-se-veshtachi-telefonot-vo-koj-imal-nad-10-iljadi-skrinshotovi