Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Балкан

Додик го прогласи Синиша Каран за победник на претседателските избори во РС

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, прогласи победа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, прогласи победа на кандидатот на оваа партија, Синиша Каран, на предвремените претседателски избори во Република Српска, ентитет во Босна и Херцеговина. На прес-конференција Додик изјави дека Каран освоил 10.000 гласови повеќе од гласањето во ноември.

По него, обраќање имаше и Каран, кој се заблагодари на гласовите што ги добил. Овие избори во Република Српска беа предвремени и се распишаа откако на Милорад Додик му беше одземен претседателскиот мандат по правосилна пресуда против него за непочитување на одлуките на високиот претставник. Додик беше осуден на една година затвор, но не влезе во затвор, туку плати казна од околу 18.000 евра. Тој доби и забрана за вршење јавна функција во период од шест години.