Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

🎥 До почеток на кампањата за избори сите службени возила ќе добијат регистарски таблички во црвена боја

Црвено-жолта регистарска табличка на сите службени коли треба да стави крај на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвено-жолта регистарска табличка на сите службени коли треба да стави крај на трошењето државни ресурси за партиски цели. Лесно ќе се препознаваат во сообраќајот, а ќе ги регистрира и системот „Сејфт сити“. Регистар со колку службени возила располага државата нема, но сите институции треба до изборите да ја земенат обичната регистарска ознака со таква во боја. Тие што нема да го сторат тоа, ќе добијат црвено-жолта табличка при регистрација на колата, а исклучок ќе бидат само дел од возилата на МВР и Ангенцијата за национална безбедост.

  •  „Ако некој се обиде да избегне брендирање, при регистрација сепак ќе добие црвени таблици“, изјави Томовски. Според проценките, во државата има од 7.000 до 7.500 службени возила, иако нема единствен регистар. Новото правило се однесува на сите возила во сопственост на државата – на Владата, општините и јавните претпријатија, со исклучок на дел од возилата на МВР и АНБ. Иако правилникот не предвидува казни, властите очекуваат мерката да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во користењето на државните возила. Институциите во државата имаат рок до 15 септември да ги брендираат службените возила, соопшти директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Секоја злоупотреба ќе се истражува и секој кој ќе злоупотребува државни ресурси ќе сноси соодвента санкција, посочи директорот за јавна безбедност Александар Јанев.  

  • Јасно и гласно го кажувам тоа, ние веќе во рамки на Бирото за јавна безбедност и во рамки на Министерството за внатрешни работи имаме одржано низа состаноци, имаме отворено оперативна акција „Локални избори 2025 година“, така што една од главните насоки е полициските службеници да постапуваат исклучиво со интегритет и професионалност и истите мора да пружат и обезбедат фер и демократски локални избори. Ние сме една од алките кои што е гарант за остварување на највисокото демократско право, а тоа е правото на глас“, порача Јанев.

Со регистарските таблички во боја МВР ќе има обврска да направи регистар за службените возила, и ќе се знае со колкав број располага државата. Според најавите, ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили.сОдлуката за промена на табличките на сите службени возила во сопственост на државата беше донесена на владина седница на 29 јули.