Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

До крајот на летово би требало да се знае новиот играч на пазарот на мобилна телефонија

До крајот на летово би требало се знае третиот играч на пазарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на летово би требало се знае третиот играч на пазарот на мрежна мобилна телефонија во Македонија. На 16-ти мај заврши премлиминарната фаза во која компаниите доставуваа писма за покажување интерес. Сега Агенцијата за електронски комуникации треба да ги соопшти резултатите од јавната расправа. Со тоа се подготвува теренот за спроведување тендер со јавно наддавање кој треба да резултира со нов мобилен оператор во Македонија.

Засега се знае само дека писмо со намери за влез на македонскиот пазар достави компанијата „Оне Македонија Телекомуникации“, основана од унгарската групација „4иГ“. Од компанијата велат дека по потенцијалното добивање на лиценцата, ќе следат обемни инвестиции, а стартот на мобилните услуги за граѓаните и бизнисите можат да се очекуваат кон крајот на 2026-та година. Зголемената конкуренција треба да донесе и пониски цени.

„Во зависност од тоа дали имало други заинтересирани страни, ќе видиме дали ќе има втора фаза – јавна набавка. Ако дојде до тоа, тогаш процесот ќе биде малку подолг. Сепак, очекуваме дека летово или најдоцна до крајот на летото ќе ги добиеме потребните лиценци за фреквенција. Во однос на процесот, веќе неколку месеци работиме на подготовки и на воспоставување почетни партнерства на пазарот. Кога ќе ја добиеме лиценцата, ќе преминеме на интензивни инвестиции и подготовки за комерцијално лансирање. Очекуваме до крајот на 2026 година да започнеме со комерцијални услуги, најпрво во поголемите градови“ – вели Пал Заранди – директор за стратегии, мобилни и 5Г на „4IG”.

Реклама

Со приходи од 1,8 милијарди евра и над 10 милиони корисници, 4ИГ смета дека е доверлив играч на пазарот и дека има што да им понуди на корисниците. Според компанијата, главната предност на 4ИГ е тоа што е не само телекомуникациска, туку и ИТ ориентирана, па може да ги прошири услугите на македонскиот пазар. Фирмата активно работи во Црна Гора и Албанија, кадешто е лидер на пазарот.

„Пред сè, ќе донесеме нова конкуренција што ќе го стимулира дигиталниот екосистем. Ќе воспоставиме напредна 5G мрежа со голем капацитет. Тоа ќе придонесе за поголема конкуренција на мобилниот пазар, но и во доменот на фиксниот интернет, бидејќи 5G веќе може да се користи и како алтернатива за домашен интернет.Наш фокус ќе биде мобилната телекомуникација, но како што спомнав, имаме и други области како ИТ и вселена, се надеваме дека и таму ќе бидеме активни и ќе поттикнеме раст и иновација“– вели Пал Заранди – директор за стратегии, мобилни и 5Г на „4IG”.

Намерата на Агенцијата за електронски комуникации е да се зголеми конкуренцијата на пазарот на мобилна телефонија преку можност за доделување ограничен број одобренија за користење радиофреквенции. Предвидено е овие фрекфенции да бидат достапни само за нови мрежни оператори, а барањата од постојните компании како А1 Македонија и Македонски Телеком нема да бидат земени предвид. Инаку 4иГ потпиша писмо на намери со Јуротелесајтс за користење на базните станици на фирмата во Македонија што е јасен сигнал за стратешките намери на 4iG да стане значаен играч на телекомуникацискиот пазар во земјава.