Реклама
Македонија

ДКСК од следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери

ДКСК ја стега антикорупциската мрежа: 60 високи функционери – судии, обвинители, министри,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДКСК ја стега антикорупциската мрежа: 60 високи функционери – судии, обвинители, министри, пратеници и градоначалници – ќе бидат под лупа за имот и судир на интереси во 2026 година. Имињата ќе се знаат веќе следниот месец кои ќе бидат утврдени врз основа на анализа на податоците во електронската база на податоци.

  • Имајќи ги предвид препораките од Европската комисија за зајакнување на следењето на имотната состојба од страна на ДКСК предлагаме да биде зголемен бројот на функционерите, опфатени во ова следење на итмотната состојба и судирот на интееси, на 60,“ рече Чучуљ. 

Антикорупциска изгласа и план за следната година според кој ќе се следи состојбата во сектори кои се за најподложни на корупција – праводуството, законодавната власт, извршната власт и локалната самоуправа. 

Членовите на ДКСК го изгласаа и ставањето вон сила на Упатство за рангирање на предметите за постапување, што значи сега сите случаи ќе бидат еднакво важни. Тој појасни дека до ДКСК пристигнуваат голем број пријави и одреден дел од нив се паушални и не се во надлежност на Комисијата.

Реклама

Чучуљ рече дека упатството за важност на предметите не дало резултати, овозможувало субјективност во рангирањето и додаде дека со измените во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Деловникот за работа  дополнително ќе се регулира начинот за постапување по предметите и нивното рангирање.

Антикорупционерите, пред две недели алармираат дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не го пријавиле својата имотна состојба во предвидениот рок, што е законска обврска.