Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, а бензините поскапуваат за половина денар

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари за литар, а бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ поскапуваат за половина денар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 88,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 90,00, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари за литар, а бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ поскапуваат за половина денар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 88,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 90,00, „евродизел БС (Д-Е V)“ за 85,50, а литар екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари.

За 3,238 денари поевтинува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе се продава за 47,906 денари.

Реклама

Претходно, компанијата „Окта“ АД – Скопје соопшти дека воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.

Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба.