Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Свет

Директорот на домот за пензионери во Тузла поднесе оставка по пожарот во кој загинаа 12 лица

Вторник, 20 часот и 45 минути. Избил пожар на 7-миот кат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вторник, 20 часот и 45 минути. Избил пожар на 7-миот кат во Домот за пензионери во Тузла каде што биле сместени неподвижни луѓе. Огнот брзо почнал да се шири кон погорните спратови. Евакуацијата на старите и изнемоштени одела отежнато. Загинале 11 луѓе, а над 30 се хоспитализирани.

„Мора навистина да се заблагодарам на противпожарната единица Тузла, на пожарникарите од околните општини и градови. Штом се вклучи алармот кај нас, кога нашиот работник се јави, тие пристигнаа за 5 минути. Посебна благодарност до Полициската управа Тузла, специјалците, полицајците — сите дојдоа без кислород, без маски влегуваа внатре. Итната помош даде сè од себе.“– изјави директорот на домот за пензионери во Тузла, Мирсад Бакаловиќ.

Директорот на Домот поднесе оставка од морални причини.

Реклама

Меѓу повредените се и медицински лица, тројца полицајци и петмина пожарникари како и дел од персоналот во домот.

„Очекуваме одреден редовен прилив на пациенти, немаме ништо најавено, но може да се очекува со оглед на тоа што станува збор за повозрасни лица, а можно е и пренасочување на пациенти кон други локациите во Тузла.“– изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар во Тузла, Шекиб Умиханич.

Тамошното обвинителство потврди дека истрагата е во тек за да се утврдат причините за пожарот и евентуалните пропусти во безбедносните процедури.

Очевидци велат дека наскоро по избувнувањето на пожарот се видел голем густ чад и во објектот завладела паника.

„Јас бев легната, кога почна нешто — пука, пука, пука. Не знаев дали прозорците останаа цели или се испукаа, јас сум на трети кат. И почна нешто да се руши таму, ама јас веднаш ја повикав рецепцијата, не можев да добијам. Потоа погледнав низ прозорецот — одозгора паѓаа сите оние големи парчиња, ронки од ѕидови. Тогаш излегов во ходникот, и некој ми се јави и ме праша: „Каде сте? Дали сте загрозени?“ Јас реков: „Не, не сум загрозена.“– изјавија очевидци.

Босна и Херцеговина тагува за загубата на своите граѓани, а земјите од регионот изразија сочувство до семејствата на жртвите.