Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Димовска – Вал: Соработката е клуч за успех на реформите

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска денеска се сретна со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал. На средбата Димовска го запозна амбасадорот Вал со тековните процеси на кои активно работи собраниската служба, осврнувајќи се на неодамна донесениот Правилник за внатрешна организација на Службата на Собранието и изработената Функционална анализа, со која се унапреди ефикасноста на собраниската служба, како и на резултатите од донесениот Етички кодекс на службата на Собранието и работата на Етичкиот комитет и Повереникот за етика.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата генералната секретарка го нагласи донесувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025-2027 и искажа благодарност за целокупната поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за проектите кои се реализираат во Собранието во рамки на овој План и искажа надеж дека поддршката ќе продолжи и во иднина.

Амбасадорот Вал истакна дека особено е значајно што поддршката од ОБСЕ е отелотворена преку конкретни резултати кои ги унапредуваат капацитетите на службата на Собранието. Вал потврди дека поддршката и соработката ќе продолжат во сите сфери од интерес, врз темелите на веќе реализираните проекти. Искажа и почитување за тоа што во Работна група надлежна за следење на реализацијата на активностите предвидени со Акцискиот план вклучува и претставник од ОБСЕ, како претставник на развојните партнери на Собранието.

Реклама

Соговорниците се согласија дека непосредната, директна и постојана комуникација меѓу Собранието и развојните партнери е особено важна за успешна реализација на реформите за унапредување на работата на Собранието.