Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Димитровски од Ереван: Меѓународното право не секогаш се почитувало во однос на нашата држава

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска учествуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска учествуваше на третата едиција на форумот „Ереван Дијалог“, што се одржува на 5 и 6 мај 2026 година во Ерменија. 

Во рамки на форумот, Димитровски учествуваше на панел – дискусија посветена на глобалните геополитички трансформации и предизвиците на мултиполарниот свет, засилената конкуренција меѓу големите сили и нивното влијание врз меѓународната трговија и економските текови. Беа опфатени и безбедносните импликации од овие процеси, како и прашањата поврзани со технолошкиот развој и дигиталната трансформација.

Во своето обраќање, тој ја истакна определбата на Владата за зајакнување на стратешките партнерства со клучните меѓународни актери како темел за безбедност, економски развој и стабилност на државата, соопшти кабинетот на заменик шефот на дипломатијата. 

Реклама

Димитровски се осврна и на европската перспектива на нашата земја, нагласувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел од највисок национален интерес и претставува најодржлив пат за напредок на земјата, во услови на непредвидливи глобални околности. 

Тој ги истакна и заложбите на земјата за унапредување на енергетската поврзаност во рамки на паневропските коридори 8 и 10, како клучни алтернативни рути за диверзификација на снабдувањето, со цел зголемување на сигурноста и стабилноста на енергетските текови и зајакнување на економскиот напредок на регионот на Западен Балкан, како и негово забрзано интегрирање во Европа.

Осврнувајќи се на искуството на нашата земја и нарушувањето на меѓународниот поредок, Димитровски нагласи дека искуството на нашата земја покажува оти меѓународното право не секогаш се почитувало, посочувајќи ги како примери пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг поврзана со блокадата за членство во НАТО, како и одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на регистрацијата на здруженијата на Македонците во Бугарија.

Форумот беше посветен на современите глобални и регионални предизвици, со фокус на геополитичките трансформации, безбедносните и економските динамики, европската интеграција, енергетската и зелената транзиција, како и влијанието на новите технологии и вештачката интелигенција врз глобалните односи.