Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Димитриевски: СДСМ губи членство поради затвореност и деструктивен наратив, ЗНАМ расте со отвореност и резултати

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија и актуелен градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, за време на гостувањето на дебатните емисии на една од телевизиите вечерва, отвори повеќе клучни политички теми, испраќајќи јасни пораки за состојбите во македонската политика, реформите во правосудството и европската перспектива на државата, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија. 

Димитриевски остро реагираше на недоличниот јавен дискурс и онфронтативниот однос на раководството на СДСМ кон новинарите и јавните личности, посочувајќи дека ваквиот наратив е резултат на погрешни и деструктивни ПР-стратегии.

„Не само ПР-стратегијата, туку и ПР-консултантите кои им се донесени од Србија, едноставно не знаат ништо друго освен да водат деструктивни политики, бидејќи резултатот од нивното делување е она што во моментов се случува во Србија“ истакна Димитриевски.

Реклама

Тој нагласи дека токму поради растечкото незадоволство кај членството, кое „има прекрасни луѓе што никогаш не добиваат шанса“ се случува природен трансфер од СДСМ кон Движењето ЗНАМ.

Непрепознатливата идеолошка матрица на СДСМ, според Димитриевски, денес вистински се наоѓа во ЗНАМ и е јасно базирана на темелите на АСНОМ и Илинден. Во рамки на ЗНАМ, како што истакна, отворено и демократски се дискутира за сите прашања, како на Централниот, така и на Извршниот одбор, а тоа најдобро го потврдуваат бројките и постигнатите резултати.
Тој додаде дека нападите насочени кон ЗНАМ од страна на СДСМ во изминатите години не дале никаков ефект, што уште еднаш се потврди и на последните избори.

Претседателот на ЗНАМ даде силна поддршка за работата на министерот за правда, Филков, оценувајќи дека реформската агенда се спроведува сериозно и одговорно.

„Голем број закони се веќе во владина и парламентарна процедура. Законот за Судскиот совет ќе биде донесен, и покрај обидите за блокада од опозицијата“ изјави Димитриевски.

Тој оцени дека ваквите опструкции претставуваат обид на поранешната власт да ги зачува последните механизми на влијание врз системот, но нагласи дека реформите се неминовни.

„Македонија заслужува непристрасно, професионално судство. И ако реформите задоцнат месец или два – тие ќе се случат“ порача Димитриевски.

Во однос на патот кон Европската Унија и состојбата со источниот сосед, тој нагласи дека се неопходни цврсти гаранции од Европската Унија и реципроцитет од страна на Софија, особено во однос на почитувањето на одлуките од Стразбур.

„Македонија е географски и вредносно дел од Европа и мора да стане членка на ЕУ. Нашите граѓани го поддржуваат тоа, но Европа мора да покаже поголема флексибилност и да најде начин билатералниот проблем да не се решава на мултилатерален начин“ истакна Димитриевски.

Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија останува доследно на својата заложба за демократска политичка култура, длабоки институционални реформи и јасна, достоинствена и европска иднина на државата.