Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот на Движењето „За наша Македонија“ (ЗНАМ) и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски орговарајќи на прашање „дали им здодеал на кумановци“ со тоа што од нив на локалните избори ќе бара поддршка за трет градоначалнички мандат.

– Ако нешто добро ви оди … а се надевам граѓаните знаат тоа да го препознаат и ќе ја добијам нивната поддршка. Во спротивно, ќе продолжам со секојдневниот живот и со политичкиот активизам, зашто ние како ЗНАМ допрва почнуваме на политичката сцена, една и пол година е стара партијата, рече Димитриевски. 

Посочи дека во првиот мандат финансиски ја стабилизирал, како што рече, најзадолжената општина, а во вториот мандат биле направени неколку капитални проекти во урбани и во рурални средини. Горд е, рече, на големиот дистрибутерски центар на Лидл во Куманово како најголема инвестиција на странски инвеститор во државава. 

Реклама

За овие локални избори договорено е поддршка да има од ВМРО-ДПМНЕ која во Куманово и во Центар ќе нема свој кандидат иќе ги поддржи кандидатите за градоначалник што ги предлага ЗНАМ. Како што рече, немаат кандидати за сите општини затоа што, рече, сакаат да победат, не само да учествуваат. 

– ЗНАМ не е толку голема партија да ги покрие сите општини … Значи кога имаш поддршка од една таква голема и сериозна политичка партија, додаде Димитриевски.

Верува дека ќе ја задржат поддршката од граѓаните и дека „не постои причина ЗНАМ да ја изгуби поддршката“ што ја добиле на претходните избори. 

-Затоа што сметам дека по ниту една основа немаме разочарано никого освен некои поединци кои многу очекуваа на личен план, изјави  лидерот на ЗНАМ.

За исходот во албанскиот политички блок, тој не смета дека ДУИ ќе има подобри резултати од Вреди на изборите. Како што рече, сè додека ДУИ однатре не се реформира како политичка партија и „не ги промени сите луѓе што беа епицентарот на криминалот и корупцијата во државата, ДУИ ќе биде третиран на ист начин“. 

Во интервјуто Димитриевски се осврна и на 17-те месеци работа на Владата во која ЗНАМ е коалициски партнер. Во однос на застојот во реформите во правосудството, ресор што го води министер од неговата партија, Димитриевски рече дека Игор Филков подготвил 22 закони, но, рече, „законите не ги носи министерот, туку Собранието, а претходно поминуваат во владина постапка“.

-Ако ги следите неговите изјави, ќе видите колку закони се пуштени во владина процедура. Но, не може да биде нешто завршено за една и пол година што претходно не било завршено за цели осум или девет години. Измените во Кривичниот законик направени за 48 часа денеска нè доведоа до ситуација да имаме еден куп со направени кривични дела, а притоа со истиот закон се амнестирани и не можете да ги видите пред лицето на правдата. Што се однесува до Кривичниот законик, и тој е подготвен, неколку пати е разгледуван во Владата, последната изјава на премиерот, сепак неговиот збор е конечен во Владата, беше дека мора да го додефинираме членот за злоупотреба на службена положба, рече лидерот на ЗНАМ.

Ги спомна и донесените пакет закони за јавна администрација што ги спроведува Министерството предводено од кадар на ЗНАМ, министерот Горан Минчев, при што потсети дека е укинат т.н. балансер.

-Јас сум задоволен од моите министри, но, сепак, конечната одлука тука ја има мандатарот, тоа е премиерот, и доколку реши за реконструкција, ќе треба да ја објасни првенствено на мнозинството во парламентот и – зошто да не, доколку има потреба од тоа. Дали можат да се подобрат некои работи, секогаш можат, рече  Димитриевски.

Соопшти дека ќе ја прифатат националната платформа што ја предлага лидерот на СДСМ Венко Филипче, но, рече, да не биде како со францускиот предлог, туку  „национално да не се подгазиме по ниедна основа како нација и да не го загрозиме нашиот јазик, идентитет, култура, континуитет и самобитност“. 

Во однос на серијата подметнати пожари и дали смета како и премиерот Христијан Мицкоски дека тие се хибридни напади, Димитриевски кажа дека и во Куманово често се случуваат пожари на исти локации подметнати од граѓани заради свесно уништување. Како што рече, треба да се смени законот бидејќи „казнената политика е катастрофална“.

-Премиерот досега изнесе многу работи за кои подоцна се потврди дека е во право и сметам дека истите се исценирани, особено во предизборен период … Постои сомнеж и апсолутно се согласувам со премиерот дека постои поврзаност особено со локалните избори. Ќе видите, ќе поминат овие избори и сè до парламентарните избори ќе се смири. Тоа ни се случуваше и во минатото, но проблем е што немаме изградено систем, изјави Димитриевски.