Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Димитриеска-Кочоска: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата, постапката е започната, остануваме на планираните проекции

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби, вели министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцира оти нивна цел е да излеззат на меѓународните пазари и да ја издадат еврообврзницата во најповолен момент.

-Во таа насока, за време на престојот во САД, на  есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот, нагласува министерката за финансии.

Реклама

Димитриеска-Кочоска додава дека постапката за издавање на еврообврзницата е веќе започната и дека планот е да се излезе на меѓународниот пазар во јануари и да се издаде еврообврзницата.  

-Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница, појаснува министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стрегијата, посочува дека Владата нема намера да ги измени плановите предвидени со Фискалната страгегија, но дека секако треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

-Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок, вели Димитриеска-Кочоска.