Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Димитриеска-Кочоска: Продолжуваме со фискална консолидација, буџетскиот дефицит ќе биде понизок од лани

Владата ќе продолжи со мерки за намалување на дефицитот. Буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот и покрај можните корекции со ребалансот – порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласувајќи дека фискалната консолидација останува клучен приоритет. Во одговор на новинарко прашање по денешната прес-конференција, Кочоска истакна дека во тек се проекциите за ребалансот, но […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе продолжи со мерки за намалување на дефицитот. Буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот и покрај можните корекции со ребалансот – порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласувајќи дека фискалната консолидација останува клучен приоритет.

Во одговор на новинарко прашање по денешната прес-конференција, Кочоска истакна дека во тек се проекциите за ребалансот, но оти насоката на политиките е јасна – контрола на трошењата и одржување нстабилен дефицит.

– Во моментот работиме на проекциите за ребалансот. Чекавме да завршиме со мај за да ги согледаме состојбите, а потоа да ги направиме проекциите. Секако, можно е да има одредени корекции како резултат на мерките во рамките на акцизите за нафтата и нафтените деривати, така што може да има одредени отстапувања, но консолидацијата значи дека нема да имаме буџетски дефицит поголем од оној од минатата година. Многу внимателно се работи на трошењата и обврските се сервисираат навремено – изјави Кочоска.

Реклама

Таа додаде дека јавната потрошувачка дава резултати посочувајќи на растот на економијата и потребата средствата да се насочуваат онаму каде што се најпотребни.

–  Кога зборуваме за јавната потрошувачка, важно е да се види нејзината структура, како и фактот дека денес имаме 3,1, односно 3,3 проценти раст на БДП, вклучително и со сезонските прилагодувања. Може да констатираме дека средствата што се трошеле во изминатиот период биле правилно насочени – рече министерката.

Во однос на фискалната политика, таа повтори дека Владата ќе продолжи со мерки за намалување на дефицитот.

– Во таа насока, ќе продолжиме да работиме на фискална консолидација, што значи намалување на буџетскиот дефицит во услови на променлива економска состојба. Гледаме со какви предизвици се соочуваме во рамките на економската криза, а истовремено ќе работиме на насочување на средствата онаму каде што се најпотребни за да оствариме позитивни резултати – изјави Кочоска.

Одговарајќи на прашање за наводни доцнења со поврат на ДДВ и државна помош, министерката рече дека според официјалните податоци нема заостанати обврски.

– Според податоците на Трезорот, заклучно со 31 мај нема обврски по основа на поврат на ДДВ. Имавме и состанок со Стопанската комора. Некои од компаниите што реагираа ги поканивме, дојдоа и ја видоа состојбата на самото место. Заклучно со 31 мај нема никакви обврски. Во однос на државната помош, кога во јавноста се појавија информации, директорот на ТРЗ веднаш ме информира дека кај нив нема никакви неисплатени обврски. Доколку има такви наводи, потребно е точно да се посочи институцијата за да може да се провери – посочи Кочоска.