Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Димитриеска-Кочоска: Приходите во буџетот се поголеми за 8 отсто од лани, раст има кај сите главни даночни категории

Податоците за реализацијата на буџетот заклучно со август покажуваат дека вкупните приходи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Податоците за реализацијата на буџетот заклучно со август покажуваат дека вкупните приходи изнесуваат 230,6 милијарди денари, односно 60,77 отсто од планираните приходи, при што бележат раст од 8 проценти во однос на истиот период минатата година. Даночните приходи во првите осум месеци се реализирани во износ од 131,5 милијарда денари, што претставува раст од 8,2 отсто на годишно ниво – било констатирано на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

На средбата, како што соопштија од Министерството за финансии, била разгледана тековната реализација на буџетот, со посебен фокус на наплатата на приходите и движењата кај одделните даночни категории.

Раст е забележан кај главните даночни категории – приходите од данокот на добивка се повисоки за 19,9 проценти, од данокот на личен доход за 10,9 проценти, од ДДВ за 10,6 проценти, а увозните давачки бележат раст од 9,7 проценти.

Реклама

– Кај акцизите е евидентирано одредено отстапување поврзано и со мерките што Владата ги презеде за ублажување на влијанието од кризата со нафтените деривати. Движењата во оваа категорија и понатаму внимателно ќе се следат.
На расходната страна, во периодот јануари – август се реализирани 268,9 милијарди денари, односно 63,15 проценти од планираните расходи – се вели во соопштението од Министерството.

Нагласуваат дека Мистерството за финансии, во координација со Управата за јавни приходи и Царинската управа, продолжува внимателно да ги следи движењата и реализацијата на буџетските приходи.

– Буџетот се реализира во согласност со планираната динамика. Заедно со УЈП и Царинската управа детално ги следиме приходите и сите движења што може да имаат влијание врз нивната реализација. Во овој момент нема позначајни отстапувања од планираното, но остануваме внимателни и навремено ќе реагираме доколку состојбите го наложат тоа – рече министерката Димитриеска-Кочоска.

На средбата била истакната важноста од континуирана координација меѓу Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа како институции со клучна улога во обезбедувањето на буџетските приходи. Во наредниот период ќе продолжи редовното следење на реализацијата на буџетот и на економските движења, врз основа на што ќе се носат одлуки за евентуални приспособувања на расходната страна.

Министерството за финансии останува посветено на одговорно управување со јавните финансии, навремено сервисирање на обврските и обезбедување стабилност на буџетот, со приоритет на заштитата на граѓаните и стопанството.