Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност носи нови економски предизвици, приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните 

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на Македонија се одржува денеска во Охрид.

„Светот денес се наоѓа во период на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, во кој меѓународните случувања сѐ посилно се прелеваат врз економските текови, трговијата и финансиските пазари. Во вакви услови, економиите функционираат во средина на постојани шокови. По пандемијата, енергетската криза, инфлацискиот бран и нарушувањата во глобалната трговија, денес се соочуваме со нов слој на геополитичка нестабилност кој ја отежнува предвидливоста на економските политики и бара постојана адаптација“, истакна министерката во обраќање на панел дискусија на тема “Обликување на иднината на проценувањето во услови на брзи промени”.

Министерката во своето обраќање нагласи дека главниот канал преку кој овие кризи се прелеваат врз светската економија се цените на енергенсите, кои во услови на неизвесност стануваат исклучително чувствителни на секое нарушување во снабдувањето. 

Реклама

Македонската економија, како мала и отворена, е директно изложена на предизвиците со кои се соочуваат и Европа и Светот, токму затоа е потребно внимание, затоа што секоја алка во синџиот е важна доколку сакаме да ги намалиме последиците. 

Министерката Димитриеска- Кочоска пред присутните, воедно посочи дека веќе e отпочнат процес на ревидирање на постоечката Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, во насока на попрецизна регулација за даночни цели.