Реклама

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Фискалната одржливост е клучна за справување со глобалните предизвици

Фискалната отпорност, одговорното управување со јавните финансии и создавањето простор за реакција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фискалната отпорност, одговорното управување со јавните финансии и создавањето простор за реакција при идни кризи се клучни за стабилноста и растот на македонската економија во услови на зголемена глобална неизвесност – беше истакнато денеска на регионалната конференција „Охрид 2026“.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред ученсиците на собирот порача дека фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребен преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка.

– Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе почне. Таа се гради претходно – преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка – рече Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Таа истакна дека иако некои од земјите во регионот не се дел од еврозоната, тие се дел од европскиот економски простор преку трговијата, инвестициите, финансиските текови, пазарот на труд и синџирите на снабдување поради што економските движења во еврозоната директно влијаат врз економиите од Западен Балкан.

Според неа, пандемијата, енергетската криза, високата инфлација, геополитичките тензии, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и зголемените трговски бариери покажале дека неизвесноста повеќе не е исклучок, туку трајна карактеристика на економското окружување.

Како ризици таа ги посочи геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови. Според достапните проекции што ги наведе, растот на еврозоната се очекува да забави од 1,4 процент во 2025 на 0,9 проценти во 2026 година.

Димитриеска-Кочоска рече дека Македонија во такви услови избрала пат на постепена и одговорна фискална консолидација, а паралелно работи на подобрување на планирањето и управувањето со јавните инвестиции, дигитализацијата, модернизацијата на даночната администрација и борбата против сивата економија.

Таа нагласи дека следниот циклус на раст во Западен Балкан не може да се темели само на поголема потрошувачка, туку мора во поголема мера да биде воден од продуктивноста, со силен акцент на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката.

Како четири принципи на политиката што ја следи Македонија ги наведе стабилноста, отпорноста, инвестициите и продуктивноста.

На потребата од внимателно водење на економската политика се осврна и професорот од Економскиот факултет, Борче Треновски, кој оцени дека Македонија како мала, отворена и извозно зависна економија е особено ранлива на глобалните економски шокови.

– Колку сме поотворени и поизвозно зависни, толку сме поранливи на глобалните ризици. Поврзани сме со европската економија, поврзани сме со германската економија, а поврзани сме и со странските директни инвестиции – рече Треновски.

Тој посочи дека економските политики може да ги ублажат надворешните ризици, но не може целосно да ги отстранат, особено во услови на глобални превирања, ризици од инфлација, неизвесност за каматните стапки и забавување на економскиот раст.

Треновски предупреди и на ризиците поврзани со јавниот долг, кој, како што посочи, е речиси 60 проценти во услови кога глобалните финансиски потреби се исклучително високи.

– Ако дојде до зголемување на каматните стапки и до влошување на глобалните економски услови, ние сме во ситуација кога мораме повторно да се задолжиме за да се раздолжиме. Ако растат каматните стапки, имаме и тука дополнителен ризик – рече Треновски.

Според него, евентуалното забавување на економскиот раст би го отежнало отплаќањето на постојните долгови и кредити, а државата истовремено би морала да носи политики за заштита на стандардот на граѓаните и бизнисите.

– Би рекол дека сме во една смирена тишина. Тишина, како она време пред да почне бурата, кога езерото се смирува. Меѓутоа, може да се влошат глобалните превирања, глобалните војни и економските поделби што се случуваат – рече Треновски.

Тој оцени дека во евентуален нов кризен период треба да се внимава на заштитата на ранливите категории граѓани, вклучително преку социјална поддршка и мерки за ублажување на енергетските ценовни шокови.

– Ранлива е економската политика во која не смееме да имаме грешка – порача Треновски.

Поранешниот хрватски министер за финансии Здравко Мариќ, осврнувајќи се на искуството на Хрватска, порача дека во добри економски времиња проблемите не треба да се ставаат под тепих, туку дека токму тогаш треба да се создава простор за справување со идните кризи.

Мариќ потсети дека кога во 2016 година ја презел функцијата министер за финансии, Хрватска се соочувала со високи буџетски дефицити и јавен долг по што фискалната одржливост била поставена како еден од главните приоритети на владата.

– Треба да најдеме заштеди во разни сегменти и трошоците да ги усогласиме со приходите – рече Мариќ посочувајќи дека во 2016 година буџетскиот дефицит бил намален под еден процент од БДП, а почнало да се намалува и учеството на јавниот долг во БДП.

Тој нагласи дека за подобрувањето на позицијата на Хрватска бил важен и конструктивниот, продуктивен, отворен и транспарентен дијалог со Европската комисија и Европската централна банка.

Според Мариќ, подобрувањето на фискалната и макроекономската позиција на Хрватска овозможило подоцна да се отвори и прашањето за воведување на еврото.

Поранешниот хрватски министер за финансии претходно оцени дека инфлацијата не е само прашање на фискалната, туку пред сè на монетарната политика и оти е потребна потесна соработка меѓу владите и централните банки, особено во земјите што сè уште не се членки на ЕУ.

Тој посочи и дека зголемените издвојувања за одбрана претставуваат дополнителен притисок врз јавните финансии и го ограничуваат просторот за маневар на државите.

– Секој министер за финансии е исправен пред предизвици, но секогаш сум на страната на министрите за финансии. Мора да се слушаат нивните предлози и идеи за да се зачува добрата позиција во дадените околности – рече Мариќ.

Во рамките на форумот во Охрид се одржа и панел-дискусијата на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“, на која ќе се разговара за влијанието на економските движења во Европа врз јавните финансии и деловното опкружување во регионот.

На конференцијата учествуваат министри за финансии, директори на даночни администрации, владини претставници и економски експерти од земјите во регионот. Собирот има цел да придонесе кон зајакнување на фискалната отпорност, одржливиот економски развој и регионалната соработка во услови на сè покомплексна глобална економска средина.