Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

„Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме. Никој друг нема да ни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме. Никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите.“ На 35-годишнината од независноста на Македонија, претседателката Сиљановска-Давкова со моќна порака им ја честиташе годишнината на македонските граѓани. Државата е нешто што се гради секојдневно, а секоја генерација и секој човек оставаат свој белег во неа. Меѓу оние кои со своето дело оставија особено длабока трага во македонската приказна се и петтемина великани кои денеска беа одликувани со „Орденот 8 Септември“, признание кое традиционално секоја година се доделува во Вила „Водно“. Оваа година ордените им припаднаа на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан, а постхумно беа одликувани Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

„8 Септември не е само историски датум, ниту минато свршено време, туку наша трајна обврска, којашто секоја генерација ја презема со задачата да ја чува, да ја гради и да ја направи подобра државата што ја наследила. А државата не е само збир на институции, туку извира и им припаѓа на граѓаните, како поединци кои преку своето знаење, критичка мисла, талент и макотрпна работа, на македонското општество го збогатуваат со непотрошни вредности и оставаат небришливи траги што го надживуваат нивното физичко постоење – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Секој со својот јазик и својот израз – некој со зборот, некој со научното знаење, некој со актерската игра, а некој со четката. Но сите со иста способност – своето време да го претворат во трајно наследство.

Реклама

„Во мојата животна кариера сум присуствувал на голем број церемонии, претседателке, но со вашата интелектуална моќ да ги соединувате времињата низ вековите од антиката до денес, вие всушност ја претворате оваа земја во духовна велесила, не зависно од нејзиното место, на геополитички план“, изјави Јордан Плевнеш – уметник

„Ова одлиокување го примам и како признание дека македонското слово учествува во грањето на државата. Таквата чест не ме издига над другите, ме задолжува пред нив. Песната критиката и издаваштвото зад мене се една служба. Словото да се создава да се промислува и да стигне до читателот“, изјави Раде Сиљан – македонски поет

Мето Јовановски е еден од актерите кои оставија длабока трага во македонскиот театар и филм. Неговата сила не беше само во различноста на улогите, туку и во способноста секоја од нив да ја исполни со живот и да ја претвори во уверлива човечка судбина.

Џеват Гега бил научник кај кого проучувањето на албанската книжевност секогаш одело подлабоко од самото толкување на книжевните дела. За Глигор Чемерски рече дека е еден од оние македонски уметници во чие творештво минатото и современоста не стојат едно спроти друго, туку постојано разговараат, се дружат, надополнуваат и добиваат ново значење.

Утрово, во знак на почит кон оние кои ги поставија темелите на независната држава, претседателката ги посети и вечните почивалишта на првиот претседател Киро Глигоров, претседателот Борис Трајковски и првиот премиер Никола Кљусев на Градските гробишта „Бутел“, каде положи свежо цвеќе.