Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир,  ги кани верниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир,  ги кани верниците на традиционалното одбележување на главната манастирска слава во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. 
 
За време на празничното бдение, кое почнува утревечер во 19 часот, тројца искушеници ќе го примат монашкиот чин. Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение. 
 
Според објавата на Бигорскиот манастир замонашување ќе биде централниот духовен настан во рамките на годинашното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на обителот.  
 
Празничното чествување ќе биде збогатено и со учеството на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија. Хорот ќе гостува во Бигорски со благослов на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија г. г. Јован. 

„Тоа ќе внесе уште една светла димензија во славата: братско сведоштво дека православната вера, молитвата и свештеното предание ги надминуваат сите граници и ги соединуваат народите во едната Христова Црква. Со нив и со  браќа псалти, древните химни кон Светиот Претеча ќе се вознесуваат во Бигорски како заедничка молитва и благодарност“, стои во објавата. 
 
Хорот од албанската православна  црква заедно со хорот при бигорското братство ќе го придружуваат празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење. 
 
На денот на празникот, 11 септември, во 8:45 часот почнува  светата архиерејска Златоустова Литургија.