Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Собранието е двигател на евроинтеграциите, а кога се во прашање реформите пратениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието е двигател на евроинтеграциите, а кога се во прашање реформите пратениците мора да ги стават државните над партиските интереси и преку дијалог да постигнуваат консензус. Ова е пораката што од Брисел ја донесе заменик-раководителот на Одделението за стратегија и координација на проширувањето во Европската комисија, Џулио Венери.

-Работата на Парламентите бара кога реформската агенда почнува да се движи во одредени правци како што гледаме, бара меѓупартиски дијалог. И ова е тоа што претставува трансформативна моќ во процесот на усогласување, значи проект кој што ги надминува политичките партии, изјави Венери.

Слични пораки стигнаа и од другите дипломати. Германскиот в.д. амбасадор потенцираше дека неговата земја се залага за што побрзо проширување.

Реклама

-Согледувам како мојата држава домаќин овде се реформира, како напредува во целокупниот процес на евроинтеграција, што се случува во реформската агенда и во она што сака да го постигне Владата под водство на премиерот и пруситниот министер, изјави Јан Аксел Фос.

Македонија засега останува заглавена поради бугарските барања, но излезот може да биде новиот модел за проширување кој сериозно се разгледува во европските престолнини.

-Навистина ми е драго што во моментов Франција и Германија предложија нова агенда, предложија еден нон пејпер за интеграција на регионот, кој што подразбира постепена интеграција на регионот и тоа го почитуваме. До крајот на годината се надеваме на консензус од Унијата, изајви потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Вицепремиерот и министер за евроинтеграции Беким Сали, вели дека потребно е партиите националните интереси да ги стават на партиските, со цел напредок кон ЕУ.

-Парламентите креираат простор во кој што политичките разлики можат да бидат трансформирани во национален консензус. Европската интеграција треба да остане заеднички споделена цел, кој што ќе се издигне над партиските интереси, изјави Сали.

Сите се согласија дека Собранието ќе продолжи активно да соработува и со другите парламенти со цел побрз напредок кон Европската Унија.

Матеја Петровски