Реклама

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, опозицијата се обиде да фрли политичка дамка врз прославата

За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За реализацијата на настаните за прославата на 35 години независност на државата не се потрошени буџетски средста, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација – рече денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.  

Станува збор, дополни, за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства што се земени од буџетот за да се финансира прославата. 

Во согласност со заклучокот од 167. седница на Владата, со кој се утврдиле конкретните активнисти што треба да се реализираат во рамките на прославата по повод 35 години независност, како што рече, на „Државна лотарија“ ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните, како и да објави јавен повик за прибирање понуди за реализација на спонзорираните настани.

Реклама

-Согласно тие заклучоци, беше предвидено ангажирање на А-класа светски артист со А-класа продукција за настан на отворено, кој со своето име и квалитет гарантира посета од минимум 30.000 посетители, потоа организирање на настан со интернационална светска ѕвезда од А-класа во придружба на македонски артисти, како и организирање на минимум 12 настани на територијата на Македонија во форма на театарски и визуелни перформанси со концепт „35 години независна Македонија“. Ќе ми дозволите тука да направам една важна споредба, Перпарим Бајрами, Артан Груби 8,2 милиони „во воздух“, тоа се средства коишто не завршија кај граѓаните, а ова се средства со кои што ја донесовме прославата пред граѓаните – нагласи Митева.  

Портпаролката на Владата оцени дека со прославата се покажало оти државата може да организира настани од светски размери, граѓаните да имаат можност да ги следат да бидат дел од нив во својата држава. 

Давид Гета, посочи, беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонската култура и македонските уметници.

– Приближно 95 проценти од целокупната програма беа македонски изведувачи, македонски сценски содржини, со што практично покажавме дека домашната музичка, сценска и театарска сцена има капацитет да организира и реализира содржини на ниво што може да биде споредувано со најголемите интернационални продукции. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка – рече Митева.

Додаде дека по завршувањето на прославата по повод 35 години независност, на прес-конференцијата ќе направат пресек којшто се однесува и во делот на организацијата, како и во поглед на владините приоритети – отчетноста и транспарентноста. 

-Сè започна на 2 Август во Битола со настапот на Стив Аоки, продолжи со караванот „Силно светнал ден“, кој помина низ повеќе градови во државата, со настаните во Струмица на кои настапија Пол Окенфолд и Пол ван Дајк, со рок-спектаклот на кој настапија македонски рок-групи, со голем настан на плоштадот во Скопје со македонските изведувачи и Хосе Карерас, а кулминацијата беше концертот на Градскиот стадион со Дејвид Гета, кој собра околу 50 илјади граѓани. Кога уште на почетокот беше објавено дека Дејвид Гета ќе настапи на 8 Септември, се поставуваше прашањето зошто токму тој и зошто токму на Денот на независноста – рече Митева.

Денеска, додаде Митева, по завршувањето на прославата, мислам дека најдобриот одговор е токму она што сите го видовме на терен.

-Ова не беше прослава во која Македонија беше само публика. Напротив. Дејвид Гета беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонска култура и македонски уметници. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки, затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка – истакна таа, заблагодарувајќи се и на граѓаните кои беа дел од сите овие настани.

Според неа, во јавноста во изминатиот период имало сериозен број на шпекулации и обиди целата прослава да се претстави како нешто нетранспарентно и спорно уште пред воопшто да се реализира.

-Опозицијата се обиде да фрли политичка дамка врз прославата, за жал, спремни се и на овие свети датуми да шират невистини тоа е факт за нив. Следуваа различни објави и конструкции со кои се создаваше недоверба кај граѓаните. Како Влада во тој период одлучивме дека не сакаме да влегуваме во дневнополитичка пресметка, затоа што сметавме дека треба да им оставиме простор на граѓаните да уживаат, да ги видат настаните и да прославуваат. Дополнително, разбирам и зошто јавноста поставува прашања, особено ако се има предвид дека во минатото сме имале сериозен недостаток на транспарентност во вакви постапки. Тоа е и причината зошто денеска сметам дека е најдобар одговор не само да имаме политички објаснувања, туку целосно да ги презентираме фактите и документацијата –  рече таа.

Во поглед на финансирањето, таа потенцира дека не се точни информациите дека граѓаните ќе ја платат оваа прослава од буџетот.

-За сите оние кои во изминатиот период шпекулираа, негодуваа, клеветеа и пласираа информации дека граѓаните ќе ја платат оваа прослава од Буџетот, денеска можеме јасно да кажеме дека тоа не е точно. За реализацијата на овие настани не се потрошени буџетски средства од Буџетот. Трошокот од Буџетот за овие настани не ги чини граѓаните. Ова не е информација која треба да ја прифатите само затоа што доаѓа од нас, од Владата, туку е лесно проверлива. Токму затоа денеска со нас е и директорот на Државната лотарија, господинот Александар Климовски кој ќе ја објасни и правната, но и финансиската рамка, за јавноста да може да ја има целосната слика за тоа како е обезбедено финансирањето и како е спроведена постапката – нагласи Митева.

Владината портпаролка ја појасни целата постапка на финансирањето на прославата.

-Врз основа на вака донесените заклучоци, Државната лотарија носи одлука за формирање на комисија за спроведување на постапка по јавен повик. На 4 мај 2026 година го објавува јавниот повик со број, потенцирам, 01-35Ц/2026. Во јавниот повик се утврдени условите кои понудувачот треба да ги исполнува, вклучително и условот да има реализирано најмалку еден настан со значителен капацитет на посетеност, да располагаат или да имаат обезбеден пристап до професионални продукциски, технички, сценски и логистички капацитети, како и да имаат искуство во организација на јавни настани, концерти, фестивали и други слични настани – рече таа.

Посочи дека на јавниот повик е доставена една понуда, „Стардаст“ ДООЕЛ Скопје, односно субјектот преку кој во конкретната постапка настапува „Авалон Интернешнл Букинг“.

-Ова го отворам како податок затоа што и околу ова се поставија прашања и имаше обиди да се направи забуна во јавноста. „Авалон Интернешнл Букинг“ е трговска марка под која е препознатлива дејноста, додека „Стардаст“ ДООЕЛ Скопје е правниот субјект кој е носител на таа дејност и на кој е пренесен трговскиот знак. Значи, не станува збор за две независни компании кои се појавуваат како различни понудувачи, туку за правниот субјект кој ја носи понудата и брендот под кој јавноста ја препознава работата на оваа дејност – рече таа.

Понатаму, додаде Митева, во делот на документацијата, следува записникот од отворање на понудата, извештајот за спроведената постапка и оценувањето согласно утврдените критериуми.

-Изборот не се врши само врз основа на тоа кој понудувач е присутен на пазарот, туку врз основа на квалитетот, издржаноста и иновативноста на предложениот концепт и програмата, како и исполнувањето на условите утврдени со јавниот повик. По завршувањето на постапката се носи одлука за избор на најповолен понудувач, по што следува склучување на договорот помеѓу Државна лотарија и реализаторот – истакна Митева.

Појасни дека во вкупната финансиска конструкција на прославата учествувале и дополнителни средства во висина од 40 милиони денари, обезбедени од општествено одговорни компании кои се приклучиле кон реализација на настаните.

-Тоа не се средства од државниот Буџет, туку средства од компании кои во изминатиот период јавно беа присутни во рамки на одбележувањето на прославата и јавно го објавуваа своето учество и својата поддршка. И овој дел од финансиската конструкција не е нешто што денеска го откриваме или нешто што било скриено од јавноста, туку станува збор за поддршка која граѓаните имаа можност да ја видат и да ја следат во текот на целиот период – нагласи Митева. 

Таа заклучи дека оваа прослава била организирана со јасно поставена цел, со конкретна програма и со постапка која има своја правна и финансиска рамка.

-Ветивме достоинствена прослава и граѓаните ја добија. Ветивме прослава која ќе ја опфати целата држава и таа се реализираше во повеќе градови. Ветивме дека македонските уметници ќе имаат централно место во програмата и тие беа доминантно запазени. Покажавме дека Македонија може да донесе А-листа светски имиња, кои полнат стадиони, но и дека македонската сцена има што да понуди и има капацитет да стои на голема меѓународна сцена. И конечно, ветивме транспарентност и отчетност и тоа денеска го потврдуваме – потенцира Митева.

На прес-конференцијата директорот на „Државна лотарија“, Александар Климовски, ги презентира сите правни основи и одлуки од постапката.

-Државна лотарија како компанија е посебен правен субјект. ​Владата е основач на Државна лотарија и Владата се јавува во својство на Собрание на акционери или на единствен акционер во конкретниот случај и е еден од врховните органи во самата компанија. ​Ова спонзорство е дадено, значи овие средства се се обезбедени по основ на Законот за спонзорства и донации, а не по Законот за јавни набавки. ​Имено, се работи за средства од 300 милиони денари коишто беа на ставката на нераспределена добивка и беа компаниски пари. Тие се пари на самата компанија. Компанијата е посебен правен ентитет којшто има посебен правен субјективитет, издвоен од субјективитетот на Владата или на било кои други институции. Тоа што се јавува Владата како основач на таа компанија, тоа е во статус во нејзиниот статус на акционер. Да се разбереме, значи тие пари не се буџетски пари – потенцира Климовски.

Тој појасни дека буџетски пари стануваат во оној момент кога органите на друштвото таа нераспределена добивка ќе ја утврдат во финансиските извештаи како дивиденда и ќе дадат налог да се уплати во трезорската сметка.

-Во оној момент кога средствата се уплаќаат на трезорска сметка од добивката на компанијата, со сите процедури поминати во компанијата, тогаш добиваат статус на средства во буџетот. Сè додека лежат на средствата на компанијата, тие се корпоративни пари. Тоа е прво и основно по оглед на статусот на средствата. Оваа процедура што ја кажав за првото барање е точна. Значи, за да биде транспарентноста на давањето на ова спонзорство над барањата на Законот за донации и спонзорства и друго, во поглед на објавување на конкурс, рокови на траењето на тој конкурс, формирање на надворешна комисија од стручњаци коишто ќе потврдат дека подносителот на барањето за спонзорство ги исполнува одредените услови, тоа се барања коишто не ги бара Законот за спонзорства и донации, но заради заштита на компаниските пари и заради подигнување на степенот на транспарентност и конкурентност, ние пристапивме дури и отидовме и дури над барањето утврдено во Законот за спон во донации и спонзорства – рече тој.

Климовски ги појасни постапките според кој се одвивала целата процедура.

-Владата како акционер, единствен и основач на Државна лотарија, на седницата на Владата носи заклучок со којшто ја задолжува Државна лотарија нераспределената добивка ја употребиме за оваа намена, а не да речеме за набавка на VLT слотови, за набавка на некои непродуктивни материјали, како што претходните години се правело. ​Во таа смисла, првиот документ од каде што тргнува целата процедура е Изводот од Нацрт-записникот од 167-та седница на Владата од 28 април со точни упатства за отпочнување на постапката. Владата како единствен акционер во акционерското друштво, Собрание на акционери, дава налог на нас органите на друштвото, на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, да започнеме една постапка за издвојување на овие средства и за да избереме организатор којшто ќе има капацитет и квалитет, да може да одговори на овој грандиозен настан – рече тој.

Додаде дека според Законот за донации и спонзорства не треба да се формира ваков тип на комисија, но повтори дека заради подигнување на степенот на професионализам во определувањето на одредено лице, организатор што ќе биде на овој тип на настан. Нас ни требаше да најдеме некои стручњаци коишто се реномирани да ги избереме во комисијата за да ни кажат дали поднесените понатаму во постапката документи или барања за спонзорство од разни од разни подносители на барањата ги исполнуваат одредените критериуми или не.

-Не можеме со било кого ние да да префрлиме 5 милиони евра, односно 300 милиони денари за организирање шоу. Ни требаше реномирана компанија, реномирана агенција којашто има бекграунд, има искуство, има подизведувачи за да можеме да одговори на ваков тип на организација. ​Понатаму, за да повторно биде транспарентноста подгната на степен над законот, над барањата на законот за спонзорства и донации, објавуваме јавен повик на 4 мај којшто трае 5 дена за поднесување на соодветни соодветни програми. ​Рокот за јавниот повик трае до 8 мај до 12:00 часот. Доставена е една понуда на 8 мај, до завршувањето на рокот, во точно 10 часот и 41 минута – појасни Климовски. 

Натаму тој ја појасни постапката како течело отворањето на понудата, бидејќи пристигнала само една понуда.

-Имаме Извештај од спроведената постапка и, нормално, врз база на сите тие претходни документи, генералниот директор на Лотарија носи Одлука за избор за најповолен понудувач за прибирање понуди за реализација на спонзорирани настани по повод прославата на 35-годишнината од самостојноста и независноста на Република Северна Македонија – додаде Климовски.

Бобан Милошевски од „Авалон“ рече дека интенцијата била да се слави цел месец низ Македонија и да се опфатат сите целни групи на публика.

-Јас ќе кажам само дека кога со Марија ја правевме првата прес-конференција имаше некој одреден револт, ама ние знаевме дека тој ќе се неутрализира со време, затоа што луѓето мислеа дека единствен дел на прославата ќе биде концертот со Дејвид Гета. Не, интенцијата беше да се слави месец дена, да се слави низ цела Македонија и да се опфатат, што е најважно, сите целни групи на публика и ова има не само славенички, туку да има и некој едукативен карактер – рече Милошевски.

Истакна дека концертот со Дејвид Гета е најголемиот проект што го направиле во Македонија како „Авалон продукција“.

-Авалон Продукција е најголемата независна промотерска куќа на Балканот во изминативе 30 години и ние сме многу горди и задоволни што иако сме правеле многу сериозни проекти со 20, 25, 30, 40 илјади посетители, сепак во нашава Македонија го направивме најголемиот проект, тоа е проектот со Дејвид Гета. Можеби проектот со Дејвид Гета вас ви изгледа чуден и несвојствен и непотребен, ама јас да ви кажам што е и што беше интенцијата со Дејвид Гета. Ова што го направивме ние со Дејвид Гета во Скопје е потполно исто како, да речеме, во Стајковци да се организира трка за Формула 1 по сите можни потребни атрибути кои што ги бара Формула 1 – додаде Милошевски.

Тој додаде дека го постигнале ефектот цела Источна Европа да зборува дека Македонија прославила 35 години со Дејвид Гета фул монолит шоу. 

-Вакво шоу Дејвид Гета имаше оваа година само во Франција, три концерта во Париз и еден во Марсеј, ќе има во Амстердам Арена пред 80 илјади посетители и го имаше во Скопје. Сите мои колеги кои што работат многу поголеми концерти од тоа што работиме ние беа дојдени во Скопје за да видат и да се чудат, беше невозможно дека фул монолит шоу, буквално во истите пропорции по кои што беше во Париз, беше поставено во Скопје. За тоа како помина шоуто кај публика, за тоа дека јас сум многу пријатно изненаден дека имавме во партер 30-ина илјади млади кои што пеат перфектно песни на англиски јазик, дека помина без ниту еден инцидент, дека помина на највисоко светско ниво. Ми се јавуваа луѓе кои што биле да гледаат шоуа од типот на Хари Стајлс итн., кои што кажуваат дека и продукциски и организационо во Западна Европа тоа не било на нивото на коешто беше концертот на Дејвид Гета во Скопје. Значи, да беше само концертот на Дејвид Гета како прослава за 35 години на Македонија, можеме да дискутираме, ама бидејќи тој беше само еден мал дел, ама сепак пикот, мислам дека тоа беше вистински потег – истакна Милошевски.