Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Македонија

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

По Артан, сега и Перпарим – по повеќе од една и пол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Артан, сега и Перпарим – по повеќе од една и пол година во бегство, екс-директорот на Државната лотарија Бајрами, обвинет за тежок криминал од речиси 10 милиони евра, реши да се врати и да ѝ се предаде на македонската полиција. Се појави рано наутро на граничниот премин Блаце, каде полицијата веднаш му стави лисици на рацете и го однесе директно зад решетки во затворот во Шутка.

„Денеска во 5:35 часот, на ГП Долно Блаце, за влез во Македонија се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“, соопштија од МВР.

Бајрами е првоосомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот поврзан со набавката на апарати во Државната лотарија. Веднаш зад него на обвинителната клупа е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по што следуваат луѓето од менаџментот на компанијата – Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу. Но, Бајрами на рамена носи уште четири дополнителни кривични дела за кои го гони Обвинителството.

Реклама

„По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје против обвинетиот се води судска постапка. За него, по предлог на јавен обвинител, веќе е определена мерка притвор, која е активна. Судската постапка, во која тој е обвинет за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело, во кои се прибираат докази и се вршат вештачења“, велат од ОЈО.

Судскиот процес за проневерата, тешка 9,7 милиони евра, е на почеток, при што веќе се одржуваат рочишта. Досега, на Бајрами му се судеше во отсуство. Груби веќе се изјасни за невин по обвинувањата дека заедно со Бајрами незаконски набавиле ВЛТ-апарати и со тоа направиле штета од речиси 10 милиони евра.

Инаку, обвинетиот Бајрами имаше интересна и вртоглава кариера – од обичен лепач на плакати за ДУИ, преку ноќ, на свои 29 години, стигна до моќната позиција директор на „Лотарија“. Особено внимание во јавноста привлече неговата поврзаност со тогашниот прв вицепремиер Груби.

Бајрами во својата биографија навел дека бил политички советник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во периодот кога со министерството раководеше Груби. Груби, пак, негираше дека Бајрами бил дел од неговиот кабинет.

Интересно е што Бајрами ја искористи истата шема како неговиот поранешен сопартиец – и двајцата избегаа во Косово во декември 2024 година. Едниот се предаде во февруари годинава, а другиот сега.