Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Димитриевски и Главчев потпишаа Меморандум за соработка

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува  го партнерството меѓу Општина Куманово и КФМ.

-Нашата заедничка определба е јасна да создаваме подобри услови за развој и унапредување на кошарката, спортот и спортските вредности, како и да го афирмираме Куманово како град со богата спортска традиција и потенцијал за организација на големи спортски настани – информираше Димитриевски.

Во рамките на договорената соработка, двајцата се согласуваат Суперкупот на Македонија во машка и женска сениорска конкуренција да се одржи во Куманово на 26 или 27 септември 2026 година. Куманово ќе биде домаќин и на завршните натпревари од Купот на Македонија во 2027 и 2028 година, во машка и женска сениорска конкуренција.

Реклама

-Ова е уште една потврда дека Куманово има капацитет, инфраструктура и потенцијал да биде домаќин на натпревари и спортски манифестации од највисок ранг. Како локална самоуправа, продолжуваме со континуирани инвестиции во реконструкција, модернизација и унапредување на спортските капацитети, создавајќи подобри услови за нашите спортисти, клубови и граѓани, но и можности Куманово да биде домаќин на значајни домашни и меѓународни натпревари – информираше Димитриевски.

По потпишувањето на Меморандумот, Димитриевски и Главчев ја посетија  спортската сала во Куманово, каде што ќе се одржуваат натпреварите и ги разгледа  условите и капацитетите за организација на првенствата.