Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, годинава се очекува бројката да надмине или да биде блиску четири милиони, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме ќетири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот, посочи Николоски во гостување на една од националните телевизии.

Тој потенцираше дека ваквиот начин на работа и менаџирање со аеродромите, беше препознаен и од ЕВРОКОНТОЛ, при што регионалниот состанок за Југоисточна Европа се одржа токму во Скопје.

Реклама