Денот го завршуваме со една убава вест, објави напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
– Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници – објави Николоски.

