Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Делчево започна манифестацијата „Вапцарови бранувања 2026“ со книжевен портрет на поетот Далибор Стојанов

Со претставување на творештвото и четирите стихозбирки на младиот поет Далибор Стојанов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со претставување на творештвото и четирите стихозбирки на младиот поет Далибор Стојанов од Кочани, во Делчево започна годинашното издание на поетскиот караван „Вапцарови бранувања“, кој оваа година ќе се одвива низ четири содржински дела.

Манифестацијата е проект на Националната Установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, а е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Љупчо Петровски, стручен соработник по литературна дејност во центарот, истакна дека годинашниот поетски караван ќе вклучи истакнати поети и поетеси од источниот дел на земјата, кои преку своите творби ја потврдуваат виталноста и силата на пишаниот збор во овој регион.

Реклама

Пред делчевската публика беше претставен богатиот творечки пат на Далибор Стојанов, започнувајќи од неговата дебитантска книга „Кај што не му говорат багремите“, преку стихозбирката „Кога тајно ги мамев чувствата“ и подлабоката емотивна книга „Воин во бесни ноќи“, па сѐ до неговото најново остварување „Македонија во стих и спомен“.

Критички осврт кон неговото творештво даде писателката и афористичарка Ленче Стојменова, која нагласи дека поезијата на Стојанов се движи меѓу интимното и колективното, исполнета со љубов кон татковината, фолклорната традиција и современите животни предизвици.

Културната вечер беше збогатена со рецитирање стихови од самиот автор, како и со музички изведби на традиционални мелодии од страна на музичарот Борче Стојменов.