Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Димитриеска-Кочоска: Фактите, бројките и резултатите се на страната на Владата, а кога е така, политичките конструкции паѓаат во вода

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. 

– Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките опозицијата не стои баш добро. Последните две години не градиме држава од нула. Ние ја стабилизираме државата што ја оставивте со празна каса, натрупани долгови, нарушена доверба и институции кои предолго беа користени за тесни партиски и лични интереси, напиша Димитриеска-Кочоска на Фејсбук.

Потсетува дека во јуни 2024 година државната каса била оставена во исклучително тешка состојба, а од 2017 до 2024 година просечниот раст на БДП бил околу 1,8%, јавниот долг во 2017 година изнесувал 4,78 милијарди евра, а до вториот квартал од 2024 година достигнал речиси 9 милијарди евра. 

Реклама

– Тоа е практично двојно зголемување на јавниот долг за време на владеењето на СДСМ. Наместо развој, граѓаните добија задолжување, инфлација, неизвесност и изгубени економски можности, посочува министерката за финансии.

Денес, според неа, состојбата е поинаква – во изминатите шест квартали економијата расте со околу 3%, платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, а капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво.

– Ова не се бројки од партиски штаб. Ова се реални економски показатели. Министерството за финансии има јасна стратегија и одговорна политика за управување со јавниот долг. Секој чекор се прави врз основа на анализи, рокови на достасување, услови на пазарот и интересите на државата. Нема импровизација. Има домаќинско, внимателно и одговорно работење. Да бидеме уште поконкретни. Оваа Влада денес има огромен предизвик: истовремено да го финансира развојот и да ги сервисира старите долгови создадени токму во време на СДСМ. Минатата година беше отплатена еврообврзница од 500 милиони евра. Оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, исто така земена од владите на СДСМ. Половина од оваа обврска веќе е сервисирана, а остатокот ќе биде сервисираран во текот на јуни 2026 година. Од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од стари долгови. Само од втората половина на 2024 година до првиот квартал од 2026 година беа обезбедени 1,2 милијарди евра исклучиво за сервисирање на еврообврзници земени од претходната власт. И тоа е само дел од обврските што достасуваат, покрај сите други обврски за проекти и задолжувања на домашниот пазар, посочува министерката за финансии.

Вели дека задолжувањето не е за луксуз, ниту за политички маркетинг, туку за враќање на стари долгови, обезбедување ликвидност, инвестирање во капитални проекти и поддршка за повисоки плати и пензии. 

Посочува дека за разлика од претходно, денес граѓаните повторно почнуваат да гледаат држава која работи за нив. 

– Знам дека тоа ја боли опозицијата. Ги боли тоа што работиме посветено, што покажуваме резултати и што нивните политички конструкции сè потешко поминуваат кај граѓаните. И кога веќе зборуваат за економија, добро е да се потсетат и на уште еден факт: како Влада, навремено ги презедовме сите потребни мерки за стабилизација на пазарот и заштита на стандардот на граѓаните. Денес имаме меѓу најниските цени на горивата во регионот, што е резултат на одговорни и навремени политики. Затоа, пред следната прес-конференција, ги замолувам добро да ги проверат информациите што им ги подготвуваат советниците. Податоците за кои зборуваат се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии и многу лесно можат да се проверат. Ако не успеваат, јас и мојот тим стоиме целосно на располагање. Фактите, бројките и резултатите се на страната на Владата. А кога е така, политичките конструкции многу брзо паѓаат во вода, стои во фејсбук статусот на министерката за финансии.