Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ДИК организираше симулација за безбедно гласање на парламентарните избори

Нема да има посебно пенкало за секој гласач, ќе се чека ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има посебно пенкало за секој гласач, ќе се чека ред со растојание од два метри, и ќе биде задолжителна дезинфекцијата на раце –  ДИК преку симулација го претстави начинот за безбедно гласање на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Опфатен беше целиот процес во реални услови, започнувајќи од доаѓањето на гласачите на избирачкото место до самото гласање. Од ДИК велат дека ги презеле сите здравствени мерки и ги повикаа граѓаните да го дадат својот глас.

Државната изборна комисија ги презеде сите здравствени мерки бидејќи се соочуваме со предизвик поради епидемијата со корона вирусот. Што се однесува до ДИК, ги имаме преземено сите мерки за организирање сигурен и демократски изборен процес – изјави Димтмире Шеху – потпретседателка на ДИК.

Задолжително растојание од два метри, а во една просторија истовремено ќе можат да влезат најмогу двајца избирачи – вакВа ќе биде сликата на избори во услови на пандемија. На самиот влез, едно лице ќе врши контрола дали граѓаните ги дезинфицираат рацете. Откако ќе влезе, гласачот ќе мора да ја симне маската на неколку секунди за да може надлежните да го идентификуваат, по што започнува гласачкиот процес. По излегување, повторно ќе се дезинфицираат рацете.  Наместо посебно пенкало за секој граѓанин, како што се најавуваше, пенкалата повремено ќе се дезинфицираат. Ова значи, доколку граѓаните сакаат максимално да се заштитат, ТРЕБА да СИ понесат пенкало од дома.

Реклама

Граѓаните нема да смеат да гласаат со маски на кои има амблеми на политички партии, оти тоа ќе се третира како влијание на избирачкото место, што е забрането со закон. ДИК исто така најави дека граѓаните ќе можат да гласаат со пасоши чија важност истекла за време на вонредната состојба.

На овие избори ќе се гласа во 3480 гласачки места, од кои, 10 проценти се заменети со поголеми простории, запазувајќи ја мерката, да не бидат помали од 30 квадратни  метри

Заклучно со 7 јули, како што изјави потпретседателката на ДИК за гласање се пријавиле 137 лица кои се во самоизолација, како и 3.138 болни и немоќни лица.

Адријана Алексиеска