Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Деновиве ќе биде поднесен предлогот за гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не пресече околу изборот на нов гувернер на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не пресече околу изборот на нов гувернер на Народната Банка. И требало уште време да ги анализира тројцата кандидати за да го избере оној кој треба да извршува една од најодговорните функции во државава.

Таа викендов имаше детални интервјуа со сите тројца кандидати за позицијата гувернер и сега вели дека и требаат уште неколку денови за да го направи вистинскиот избор зашто сите кандидати биле искусни со богата биографија во светот на финансиите и банкарството.

„Деновиве ќе го поднесам предлогот. Причината е мојот долг, плоден разговор со тројцата потенцијални кандидати. Сите се извонредни. Ме запознаа со она што го правеле во животот. Ве информирам дека кој и да е од нив, а може да биде само еден, бидете сигурни дека ќе биде извонреден гувернер“ – вели претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Реклама

Премиерот Мицкоски пак рече дека очекува уште една средба и консултации со претседателката пред да биде предложен изборот за нов гувернер кој треба да биде изгласан од пратениците во македонското Собрание со просто мнозинство или 61 глас.

“Добив информација од претседателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот во рамките на Собранието. Знам дека имаше одредени консултации во текот на викендот претседателката. Претпоставувам дека деновиве ќе треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамките на оваа недела, точно би требало од кабинетот на претседателката да дадат одговор, кога ќе биде испратен предлогот за нов гувернер” – вели премиерот Мицкоски.

Се уште актуелната гувернерка на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска пред новинарите не сакаше да ја коментира можноста за реизбор на уште 7 години на што законски има право. Само напомена дека Законот за Народна банка дава можност таа да продолжи да ја извршува функцијата се до изборот на нов гувернер.

Како најсериозни кандидати за позицијата прв човек на Народната Банка се вбројуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежоска, како и екс министрите за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески. Гувернерот е чувар на монетарната стабилност. Тој има има основна задача да ја претставува централната банка, да ги одржува на стабилно ниво курсот на денарот и девизните резерви,  да одлучува за издавање и одземање дозволи на финансиски институции, да креира мерки за стабилизација на инфлацијата.