Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Даути: Со националниот едношалтерски систем ги поставуваме темелите за одржлив раст и посилна регионална поврзаност

Националниот едношалтерски систем е еден од клучните столбови во градењето на потранспарентно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот едношалтерски систем е еден од клучните столбови во градењето на потранспарентно, поефикасно и интероперабилно царинско опкружување. Со овозможување на поднесување на сите документи преку една влезна точка, системот го намалува административниот товар, ја зголемува усогласеноста, ја зајакнува довербата помеѓу јавниот и приватниот сектор, ја подобрува координацијата меѓу граничните институции и создава поповолна бизнис-клима.

Ова го истакна заменик директорот на Царинската управа, Мустафа Даути, во воведното обраќање на тридневната Регионална работилница за царинските управи на Западен Балкан, што се одржува во Скопје во организација на Програмата за развој на трговското право при Министерство за трговија на САД во координација со Царинската управа, како и Европската комисија, Министерството за финансии на Полска и Финансиската управа на Словенија. На настанот поздравно обраќање имаа и Барнабас Биркланд, економски аташе на Амбасадата на САД и Але Тајлер, правен советник при Програмата за развој на трговското право при Министерство за трговија на САД.

Националниот едношалтерски систем како дел од Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан претставува голем чекор напред и за нашата земја и за целиот регион, вели Даути.

Реклама

„Проектот има за цел да ги интегрира и поедностави сите царински постапки во една унифицирана дигитална платформа, овозможувајќи побрзо спроведување на царинските процеси и унапредена соработка помеѓу различните институции. Ова ќе резултира со поедноставување на процедурите за увоз, извоз и транзит, како и намалување на трошоците, зголемена ефикасност и транспарентност. Оваа иницијатива не се однесува само на технологијата, таа ги поставува темелите за одржлив раст и посилна регионална поврзаност. За Западен Балкан, придобивките од ваквите системи се особено значајни бидејќи ја зајакнуваат регионалната интеграција, го поддржуваат процесот на усогласување со ЕУ и овозможуваат полесна и побрза прекугранична трговија“, нагласи Даути.