Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Дадилката што тепа дете во кафуле е приведена

Дадилка среде игротеката „Дежа ву“ во скопски аеродром утрово брутално претепала дете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дадилка среде игротеката „Дежа ву“ во скопски аеродром утрово брутално претепала дете на околу две годишна возраст. Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња, а на видео снимката, објавена на фан страницата на „Дежа ву“ на „Фејсбук“, се гледа како во еден момент жената со влечење седнува едно од дечињата во скут, брутално му ја затвара устата со рака за да не плаче, па го врти и му удира шлаканици, по што грубо го седнува спроти неа. Тука видеото се прекинува, па нејасно е дали ваквиот однос продолжува. ПР менаџерот на кафулето Зоран Василевски за Алфа вели дека на останатиот дел од снимката од безбедносните камери се гледа како истата жена го удира детето и од столиците и од подот. Тие засега не се јавно достапни, но од игротеката ги доставиле во полицијата откако го пријавиле инцидентот.

Василевски вели дека за време на монстуозното однесување кон детето, никој не забележал дека жената малтертира дете, вработените слушнале плач, но помислиле дека тоа паднало низ игра

.-Го фрла од столче на столче, го треска од земја, го дави, има и една снимка каде буквално со раката му ја покрива устата и носот, детето се обидува да и ја тргне раката. Другите две деца си играт во позадина, во игротеката, таа буквално го плеска детето како да е кукла, од земја, на столче, од подот, страшно е, вели за Алфа ПР менаџерит на „Дежа бу“, Зоран Василевски.

Реклама

Од МВР за Алфа велат дека дадилката е приведена.

Утврдено е дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето. Негователката е приведена и известен е Јавен обвинител за натамошна постапка. Инцидентот е пријавен од страна на сопственик на  угостителски објект. Тој околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.

Од МВР додаваат дека известен е и Центарот за социјални работи.

Сличен случај на физичко насилство од страна на дадилка имаше пред неколку години. Шеесетгодишната дадилка беше осудена на 14 месеци затвор за сторено кривично дело „запуштање и малтртирање на дете“.

Сања Трајковска Ставров