Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

ЦУК: Изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено, пет се активни

Во утринскиот пресек од Центарот за управување со кризи информираат дека до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во утринскиот пресек од Центарот за управување со кризи информираат дека до 07:30 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.

Активни пожари има кај селото Нивичино во општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу селата Локвица и Крапа. Во петте активни пожари главно се зафатени мешана, нискостеблеста и деградирана шума, како и грмушки и ниска вегетација.

Три пожари се ставени под контрола – меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, кај селото Латово во Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.

Реклама