Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Балкан

Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја од преговорите за членство во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја од преговорите за членство во Европската Унија, откако Франција се премисли околу блокадата на две од предвидените точки. Пресвртот уследи по разговорот на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ со францускиот претседател Емануел Макрон.

Спајиќ остварил средби и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со голем број министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, со тројца европски комесари, како и со претставници на администрацијата на ЕУ. Овие разговори, како што се наведува, придонеле за надминување на дел од пречките во преговарачкиот процес.

Меѓувладината конференција, на која формално ќе се потврди затворањето на поглавјата, според претходните најави ќе се одржи во вторник.

Реклама

Црна Гора ќе ги затвори следните поглавја:
– Поглавје 3 – Право на основање претпријатија и слобода на давање услуги
– Поглавје 4 – Слободно движење на капитал
– Поглавје 6 – Право на трговските друштва
– Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој
– Поглавје 13 – Рибарство

Со затворањето на овие пет поглавја, Црна Гора ќе влезе во следната, веројатно и клучна година од преговорите со вкупно 12 затворени поглавја. Целта останува до 2026 година да бидат затворени повеќе од 20 поглавја, со што би се создале услови земјата да пристапи кон Европската Унија до крајот на 2028 година.