Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Цел на „обработка“ на тајната полиција биле и порталите „Република“, „Нетпрес“ и „Курир“

И во делот на медиумите се појавија нови имиња – цел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И во делот на медиумите се појавија нови имиња – цел на „обработка“ биле порталите „Република“, „Нетпрес“ и „Курир“, кои имаа критичен и настроен став кон власта на СДСМ и ДУИ.

„Нетпрес“ објави дека досиеја за овие редакции биле оформени во Агенцијата за национална безбедност, но истовремено фирмите кои ги водат порталите биле под интензивна шпионска истрага на финансиското разузнавање. Засега нема информација дали имало координација меѓу тајната полиција и финансиското разузнавање, односно дали двете шпионски институции одделно си ја терале работата со новинарските редакции или работеле заеднички.

Според информациите до кои дојдовме неофицијално, новинарите, уредниците, директорите и останатите вработени во „Нетпрес“, „Курир“ и „Република“ биле физички следени од припадниците на АНБ и тоа одреден временски период, но засега не е точно утврдено колку тоа траело.

Реклама

Операцијата за шпионирање на редакциите на „Нетпрес“, „Курир“ и „Република“, според првичните сознанија од истрагата, ја водела одбрана група од десетина припадници на тајната полиција, пишува порталот „Нетпрес“.

Инаку, освен овие три медиуми, цел на обработка биле и новинарите Љупчо Златев и Кристијан Ландов.