Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Царинската управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за шверцување медицински препарати

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела кај клиенти – соопшти Царинската управа.

Криминалната шема била разоткриена на влез во државата на граничниот премин Табановце, каде што била извршена детална контрола на комбе, при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2,5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото на кое било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

– Во моментот на исплатата инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде што се пронајдени и други шверцувани медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи што се користат за редуцирање маснотии, за контурирање лице, за отстранување брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, ги рекламирала и ги употребувала кај клиенти, информираат од Управата.

Реклама

Против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело шверцување и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Царинската управа, велат од таму, и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираме дека сите оние што работат спротивно на законот ќе бидат најстрого санкционирани.