Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Честитки за среќна 2026 година упатија друштвата и партијата на Македонците во Албанија, со порака за зачувување на македонскиот идентитет

Македонските друштва, здруженија и партијата на Македонците во Албанија упатија честитки по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските друштва, здруженија и партијата на Македонците во Албанија упатија честитки по повод Новата 2026 година со желби за здравје, среќа и зачувување на македонскиот идентитет.

-Нека Новата година донесе здравје, мир и благосостојба во секое семејство, надеж во секој дом и сила за зачувување на нашиот македонски идентитет, јазик и традиција. Како здружение, остануваме посветени на заедништвото, солидарноста и љубовта кон нашите корени, верувајќи дека заедно можеме да изградиме посветла и посигурна иднина за сите Македонци, посакуваат од Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“.

Искрени честитки по повод Новата година упати Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), до „сите Македонци во Албанија, во Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани на Албанија“.

Реклама

-Нека новата година донесе здравје, мир, лична и семејна среќа, успех и напредок. Со заеднички сили, единство и посветеност, да продолжиме да ги штитиме и унапредуваме правата, идентитетот, јазикот и културното наследство на Македонците во Албанија, како и европската перспектива на нашата заедница и држава. МАЕИ и понатаму ќе остане посветена на борбата за еднаквост, демократија и европски вредности, во интерес на сите граѓани, стои во честитката на МАЕИ.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја честита Нова година 2026, со желба за многу лични успеси и бериќетна година, упатувајќи благодарност до сите за досегашната соработка.

– Измина година исполнета со активности, конкретни дела и во соработка со „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, бевме насочени кон заштита на македонскиот идентитет, култура и јазик. Наш главен приоритет останува – афирмација, заштита и унапредување на правата и положбата на Македонците низ целата територија на Албанија. Со љубов кон Македонија и со обединет дух-продолжуваме напред. Нека живее Македонија – историја што живее, народ што не се предава, се наведува во честитката на друштвото „Преспа“.