Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Бугарија го загрозува европскиот проект со националистичка цена против Македонците

Бугарија го злоупотребува Европскиот парламент и продолжува да го негира македонскиот идентитет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија го злоупотребува Европскиот парламент и продолжува да го негира македонскиот идентитет, поради внатрешни националистички интереси – реагира „Европската слободна алијанса“, партија која ги застапува малцинствата во Европскиот парламент. Оваа реакција доаѓа во пресрет на дебатата во Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент за извештајот за Македонија, која еднаш веќе беше одложена.

Бугарските европратеници, преку амандмани, се обидуваат да интеревенираат во делот каде што е признат македонскиот идентитет – со зборот „сегашен“, продолжувајќи ја реториката на непризнавање на посебноста на нашиот идентитет.

Од ЕФА велат дека сакаат да ја подигнат свеста за овие практики. – „Европскиот проект никогаш не треба да биде загрозен на сметка на националистички цели на земјите-членки. Ние им веруваме на законодавците на ЕУ, кои се одговорни за развојот на извештаите, и сакаме да ѝ дадеме вредност на нивната работа, која треба да биде ослободена од притисок и уцена.

Реклама

Бугарската држава одбива да го признае македонскиот идентитет и, без отстапки од Македонија, Бугарија ќе продолжи да ги попречува нејзините европски амбиции“, се вели во реакцијата на Европската слободна алијанса. Од партијата предупредуваат и дека македонското малцинство во Бугарија се соочува со државно и полициско малтретирање и дискриминација.