Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Буџет 2025:Градежниците очекуваат експанзија, аналитичарите борба против корупцијата

Следната година ќе биде пресудна за градежништвото. Откако вчера Предлог-буџетот беше усвоен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следната година ќе биде пресудна за градежништвото. Откако вчера Предлог-буџетот беше усвоен во Владата, градежниците конечно очекуваат некакво придвижување на овој сектор. Велат долгогодишната замреност и значително намалените капацитети речиси ги уништиле компаниите, па затоа имаат големи надежи во реализацијата на капиталните инвестиции во висина од 823 милиони евра во 2025-та година. Очекуваат градежна офанзива, за овој сектор повторно да стане двигател на економијата. Сметаат на 250-те милиони евра кои ќе ги добијат општините за инфраструктура, но и на бројни проекти за кои поради изборите не беа распишани јавни набавки.

Големи надежи градежниците имаат и во реализација на четирите делници кои ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Сепак, бараат домашните компании да работат под истите услови како и странските.

За дел од аналитичарите, буџетот е креиран оптимистички. Сепак, велат дека има простор да се соберат повеќе пари во државната каса преку намалување на сивата економија. Борбата со корупцијата ќе биде пресудна за да се соберат повеќе пари во буџетот.

Реклама

250 милиони евра треба да завршат како поволни крдити кај стопанството. Дел од аналитичарите велат дека овие пари не треба да бидат залудно потрошени, туку треба да се таргетираат фирми кои ќе донесат поголема додадена вредност во економијата.

Буџетот за следната година предвидува повисоки пензии за 2500 денари месечно, поголеми суми за плати во здравството и образованието, како и повеќе пари за редовно усогласување на платите во администрацијата. Расходите ќе бидат за 10% поголеми од годинава или 6,5 милијарди евра. Приходите пак ќе бидат зголемени за 13% и ќе достигнат 5,82 милијарди евра. Дефицитот се стабилизира на ниво од 4% од БДП или на 682 милиони евра.