Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Бројот на повредените во пожарот кои се лечат во Штипската болница од утре ќе расте, лекарите ја завршија обуката со англиските лекари

Триесет млади луѓе, кои беа повредени во дискотеката Пулс, се на рехабилитација во…

Сподели:

Триесет млади луѓе, кои беа повредени во дискотеката Пулс, се на рехабилитација во Општа болница во Кочани. Дел од нив се со изгореници, ампутирани делови од телото, нагмечувања. Дополнително на уште педесетина од повредените им се прават редовни преврски. Во штипската Клиничка болница, на Одделот за физикална терапија, со помош на специјалисти физијатри се рехабилитираат тројца. Има најава дека од понеделник, бројот на пациенти ќе се зголеми. Во меѓувреме специјалисти и медицински сестри од штипската и кочанска болница ја завршија шестнеделната обуката организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници 

  „Нашиот тим се состоеше од клучни експерти за рехабилитација коишто потекнуваат од Гана, Египет, Бразил и од Мексико, како дел од тимот на англиската Организација за ургентна медицина, со цел да се овозможи рехабилитација на пациентите со изгореници. Тимот којшто е единстен и сертифициран на светско ниво за да обезбеди тренинг и рехабилитација токму кај вакви пациенти„ изјави д-р Хуан, од англиската Организација за ургентна медицина.

По обуките здравствените работници ќе бидат обучени соодветно да ги практикуваат протоколите за лекување од изгореници. Со ова се овозможува повредените да не патуваат до болниците во Скопје, туку целата здравствена нега ја добиваат во штипската и кочанска болница.

Реклама

  „Во обуката присуствуваа доктори од КБ-Штип и општа болница, Кочани, физијотерапевти, медицински сесстри, хирурзи и инструментарки. Обуката беше  интензивна и сакам искрено да се заблагодарам  на докторот и неговиот тим за несебичното помагање во стекнување на знаење, искуство и вештини во областа на рехабилитација на изгорениците„ изјави-д-р Никола Костадинов, специјалист фезијатар во КБ-Штип.

Во пожарот во дискотеката Пулс беа повредени околу 200млади луѓе. Голем дел од нив, поради сериозноста на повредите беа испратени на лекување во странство, а по враќањето во државата продолжуваат со рехабилитација во македонските болници.