Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Браќата на Шенки Версаче осомничени за изнуда: За дадени 30 илјади евра наплатиле 10 пати повеќе

Шенол и Фарук Маслани, браќа на прочуениот во јавноста, Шенки Версаче, биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шенол и Фарук Маслани, браќа на прочуениот во јавноста, Шенки Версаче, биле главата на рекетарската шема која беше разоткриена од Бирото за јавна безбедност. Со означени 2000 евра во рацете на полицијата паднал помладиот, Шенол Маслани кој со оштетиниот музичар од Куманово бил договорен за исплата на парите во кафе бар на бензинска пумпа. Се започнало пред осум години, кога жртвата – музичар од Куманово им побарал на заем 30 илјади евра. Од тогаш браќата Маслани изнудувале пари и постојано му се заканувале по неговиот и животот на неговата фамилија. За позајмените 30 илјади евра за осум години му земале 10 пати повеќе или околу 300 000 евра.

„Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра” стои во кривичната пријава на МВР.

Браќата Маслани се познати во криминалното подземје дека се занимаваат со лихварство, но никогаш до сега полицијата намаше докази за тоа.

Реклама

Помладиот, Шенол Маслани е уапсен вчера на лице место со означените пари, додека Фарук Маслани е во бегство од лани. Тој е осомничен и за други низа кривични дела како дел од криминалната група Беланоца/Барон.

Шенки Версаче и братучед му Мирвет Маслани беа уапсени лани во декември кога полицијата го растури кланот од Арачиново. Тие се веќе обвинети во судскиот предмет за групата на Фатљум Ајети Тоте која се товари за повеќе кривични дела меѓу кои и за осум убиства. Тие ќе одговараат и за палењето автомобили на затворски полицајци, и за вршење притисок и закани кон нивните семејства. Тие организирано изнудувале пари од фирми, со закани, физички напади и палење на објекти..