Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

Божиновска со отчет: наследивме огромни долгови, го консолидираме енергетскиот сектор

Огромни долгови во енергетскиот сектор наследило новото министерство за енергетика. Министерката Сања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Огромни долгови во енергетскиот сектор наследило новото министерство за енергетика. Министерката Сања Божиновска вели дека во првите 100 дена од новата Влада се броеле долговите направени од претходната власт. Меѓу нив се огромниот долг од 60 милиони евра кон ЕВН за субвенционирана струја направен во последниве три години, изгубениот спор со ОКТА во вредност од 24 милиони евра, минус од 80 милиони евра во државните електрани се само дел од нив. За сите овие долгови да се вратат, ќе мора да се земат кредити – најавува министерката.

И покрај бројните предизвици со кои се соочува новото министерство, Божиновска уверува дека ќе вложи максимум за граѓаните и стопанството да имаат мирна зима на енергетски план и непрекинато парно греење во главниот град. Министерката вели дека за оваа зима, струја ќе се набавува однапред за да се обезбедат пониски цени. Божиновска ветува дека Владата ќе направи се, за од Нова Година да нема зголемување на цената на струјата за населението.

Божиновска уверува дека нејзина главна цел е консолидација на енергетскиот сектор, од земја увозник да станеме земја која може самата да ги покрие потребите за струја. Ќе се инвестира во електропреносната мрежа, когенеративни електрани на гас, ветерни и соларни електрани, модернизација на РЕК Битола, завршување на гасификацијата.